• Latest

Кржаловски: Измените во Законот за граѓански здруженија треба да се прави системски, а не со ад хок, избрзано решение

October 21, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Кржаловски: Измените во Законот за граѓански здруженија треба да се прави системски, а не со ад хок, избрзано решение

October 21, 2022 14:18
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„За мене дилемата е дали требаше вака да се постапи. Од една страна има логика бидејќи Бугарија го прави истото тоа со години. Прашањето е дали да бидеме исти како Бугарија или да бидеме подобри. До сега бевме подобри и на тоа се аргументиравме, односно, дека Бугарија не ги почитува одлуките на Судот за човекови права во Стразбур кои се донесени во корист на вакви здруженија на етничките Македонци во Бугарија на кои не им се дозволува регистрација. Ние ем што дозволуваме, ем се регистрирани и делуваат, очигледно. Во ситуација кога нема регулација за употреба на имињата, освен името Македонија за кое треба одобрение од Министерството за правда, за ништо друго, така што и тука имаме манипулации со тоа дали дало или не Министерството, затоа што нема врска да се побара ниту да се даде“, изјави Александар Кржаловски, извшрен директор на МЦМС во разговор со ЦИВИЛ Медиа. Со Кржаловски разговаравме на тема Предлог -закон за измени во Законот за граѓански здруженија и фондации, како и за Предлог-измените во Законот за политички партии кои произлегоа како иницијативи во Собрнаието, како резлутат на реакциите на отворањето на клубот „Ванчо Михалјов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, кои во нивното именување користат личности познати по нивните нацистички и фашитички убедувања.

“Дали има кредибилитет, ако ништо друго ВМРО-ДПМНЕ го донесе актуелниот Закон за здруженија на граѓани и фондации од 2010 и тој е оценет како еден од подобрите и најдобрите во регионот. Генерално немаше потреба од ад хок тело, измени на законот, со проблемот можевме да се справиме и со постоечкиот. Од друга страна, има инцијатива за промена на законот од актуелната Влада и тој процес трае повеќе од една година и има работна група која се среќава за тоа. И покрај спората динамика, по мое мислење, една средба на 2-3 месеци и одолговлекувањето непотребно до сега, а сега има притисок да се заврши што побрзо, до 31 декември. Ова, пак, ќе речам ќе не води во нецелосно и ултимативни лоши решенија, бидејќи слушам дека Владата е спремна да се отфрли целиот дел за државно финансирање, кое по мене е клучната промена, инаку нема зошто да се менува Законот. Тоа ќе биде и еден од условите во преговорите, полека о странските донации да се пренесе товарот на финансирање на граѓанскиот сектор на државниот буџет“, изјави Кржаловски во контекст на кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ во поднесувањето на предлог измените за граѓански здруженија.

„Непотребно, избрзано решение, но добро е што е со консензус. Камо среќа да имавме за други работи кои се побитни вакво единство во политичките партии во Собранието. За жал, на вакво прашање наводно се покажува единство, а тоа единство требаше да се покаже пред два три месеци кога се гласаше за францускиот предлог, а не се успеа во тоа. Сега по мене, на не толку важно прашање и плус давање муниција особено на бугарските политичари кои таму се маргинални, а ќе го употребуваат овде како уште еден аргумент во нивна полза“, рече Кржаловски оценувајќи ги самите предлози за измена на Законот за здруженија.

„Мислам дека има механизми и сега да се постапи. Ако е проблемот во нивните статути, а не во имињата, тоа со сегашниот Закон се регулира и може да се покрене постапка во уставноста на нивните програми,  Тогаш може да се третира и самото име во таа смисла. Ако се сметаше дека не е доволно покриено со актуелната регулатива, прашање е дали со ова целосно ќе се реши. Пак, ќе речам дека е ад хок решение и многу работи се недефинирани. Ова очигледно се појави потреба поради реакции на јавноста, а реакции има затоа што е очигледна провокацијата. И самите бугарски историчари на нивните телевизии кажуваат: а зошто такво име да се даде на здружение. Ако е за пријателство треба да се градат мостови и да се најде неутрално или име што најмногу поврзува“, додаде тој.

Што се однесува, пак, до Предлог измените во Законот за политички партии, Кржаловски смета дека таму ваквите измени се повеќе потребни и добро е што се одвива процесот паралелно.

„Во смисла на решавање на проблемот можеби е попотребно бидејќи не се случило да има или еве јас не знам да има партија на етничките Бугари во Македонија, но знаеме дека има на другите етнички заедници, кога веќе така сме организирани како општество, за жал, би рекол. Наместо граѓански, да не е битно што си по етничка припадност и да членуваш во некоја партија заради идеологија, а не етничка припадност.

Едно е како е декларирано, друго како се спроведува во пракса. Во ред е да се доуреди, ако не е и правовремено и заедно да се решава тој проблем. Но, колку што разбрав, прилично идентични се освен во казнените одредби, здруженијата да се казнуваат, а партиите не. Не знам зошто би било различно, да се забрани регистрација на некоја партија, ако ги прекрши истите услови, вели Кржаловски.

„Генерално не сметав дека има потреба да има посебна потреба од измени во Законот, особено не за вакво ад хок решение и не на ваков начин одеднаш, туку ако се прави, систематски да се направи. За мене најглавна работа беше дали со законско решение ќе се уреди финансирањето.

Можеби е добро ова со казните и бришењето, затоа што имаме проблем со претходниот закон каде немаше одредба за бришење од регистарот и сега фигурираат 7-8 000 здруженија кои не се пререгистрирани и веројатно се неактивни, а Централен регистар нема можност да ги избришат зошто не пишувало во законот и што да прават во таков случај. Барем тоа ќе се коригира и ќе имаме барем појасна слика кој го сочинува граѓанскиот сектор“, заклучи Кржаловски во однос на Законот за граѓански здруженија и фонадации.

Биљана Јорднаовска

камера и монтажа: Ариан Мехмети 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ