• Latest

Депортацијата на кримските Татари: злосторство чии последици се чувствуваат и денес

May 18, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Депортацијата на кримските Татари: злосторство чии последици се чувствуваат и денес

May 18, 2026 14:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИСТОРИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На 18 мај Украина и светот им оддаваат почит на жртвите на депортацијата на кримскотатарскиот народ — едно од најтешките злосторства на советскиот тоталитарен режим. За кримските Татари ова не е само датум на историска трагедија, туку и симбол на долгогодишната борба за правото да живеат на својата земја, да го зачуваат својот идентитет, јазик и култура.

На 18 мај 1944 година советските власти ја започнаа масовната депортација на кримските Татари — една од најмасовните операции на сталинистичкиот режим за време на Втората светска војна. Формален повод беа обвинувањата за „предавство“ и „масовен колаборационизам“, иако историските истражувања не ги потврдуваат тврдењата за масовно дезертерство или колективна соработка на кримските Татари со нацистичките окупациски власти.

Одлуката за депортација беше донесена на највисоко ниво на советското раководство. На 11 мај 1944 година Државниот комитет за одбрана на СССР ја усвои строго доверливата одлука бр. 5859сс „За кримските Татари“, со која фактички беше санкционирана депортацијата. Уште на разденување на 18 мај започна масовната операција на НКВД. Вооружени припадници на безбедносните сили упаѓаа во домовите на кримските Татари и им даваа на луѓето само неколку минути за подготовка. Повеќето семејства можеа да понесат само минимум лични работи, додека целиот останат имот беше конфискуван од државата.

Во депортацијата беа вклучени околу 32 илјади припадници на НКВД. Во текот на два дена луѓето беа пренесувани до железничките станици во Бахчисарај, Џанкој и Симферопол, а оттаму — во товарни вагони, без пристап до храна, вода за пиење и медицинска помош — беа испраќани во оддалечени региони на СССР. За време на главниот бран на депортацијата од 18 до 20 мај 1944 година беа иселени повеќе од 180 илјади лица, а вкупно од Крим беа присилно депортирани околу 200 илјади припадници на кримскотатарскиот народ.

Патот до местата на прогонство стана вистинска голгота што илјадници луѓе не ја преживеаја. Според различни проценки, само за време на транспортот загинале од 7 до 8 илјади лица. Во местата на прогонство луѓето беа соочени со присилна работа, глад, епидемии и строг административен надзор. Кримските Татари беа сместувани во таканаречени „специјални населби“, кои фактички претставуваа советски резервати.

Во текот на првата година по депортацијата од глад, болести и исцрпеност загинале повеќе од 30 илјади кримски Татари. Дури и по формалното укинување на статусот на специјални населеници во 1956 година, не им беше дозволено да се вратат на Крим, а конфискуваниот имот не подлежеше на враќање или компензација.

Посебна трагедија беше односот на советските власти кон кримските Татари кои се бореле во составот на Црвената армија за време на Втората светска војна. По завршувањето на војната речиси 9 илјади кримскотатарски војници беа испратени во трудови логори во Сибир и на Урал. Дури ни воените одликувања и хероизмот на фронтот не ги спасија од репресии.

Депортацијата беше придружена со систематски обид за уништување на кримскотатарското присуство на Крим. Кримската АССР беше ликвидирана, топонимите со кримскотатарски називи беа русифицирани, а џамиите — уништени или претворени во стопански објекти. Советските власти уништуваа кримскотатарски книги, историски документи и културни артефакти, а самиот термин „кримски Татарин“ се обидуваа да го избришат од употреба.

И покрај децениите репресии, кримскотатарскиот народ не ја прекина борбата за правото на враќање во татковината. Националното движење на кримските Татари стана едно од најмасовните и најдолготрајните движења за човекови права во Советскиот Сојуз. Со децении луѓето организираа петиции, мирни протести и акции на граѓанска непослушност. Симбол на оваа борба стана Мустафа Џемилев, кој помина многу години во советските логори поради одбраната на правата на својот народ.

Дури кон крајот на постоењето на СССР советските власти беа принудени да го признаат злосторничкиот карактер на депортацијата. На 14 ноември 1989 година Врховниот совет на СССР ја усвои декларацијата „За признавање на незаконските и злосторнички репресивни акти против народите подложени на присилно преселување“. По ова започна масовното враќање на кримските Татари на Крим.

По стекнувањето на независноста, Украина официјално се насочи кон обновување на правата на кримскотатарскиот народ. На 12 ноември 2015 година Врховната Рада на Украина ја призна депортацијата од 1944 година како акт на геноцид и го воспостави 18 мај како Ден на сеќавање на жртвите на геноцидот врз кримскотатарскиот народ. Оваа одлука претставуваше важен чекор во обновувањето на историската правда и меѓународното признавање на трагедијата.

Денес сѐ повеќе држави во светот ја признаваат депортацијата на кримските Татари како злосторство на сталинистичкиот режим и акт на геноцид. Такви одлуки донесоа, меѓу другото, Латвија, Литванија, Канада, Полска, Естонија, Чешка и Холандија.

Во исто време, темата за депортацијата на кримските Татари не припаѓа само на минатото. По окупацијата на Крим од страна на Руската Федерација во 2014 година, кримските Татари повторно станаа предмет на систематски притисоци и прогон. Веќе во првите години од окупацијата беше забранета дејноста на Меџлисот на кримскотатарскиот народ, а мирните собири по повод годишнината од депортацијата на 18 мај беа забранети или строго ограничени.

Руските безбедносни структури редовно спроведуваат претреси во домовите на кримските Татари, приведувања по политички мотивирани обвиненија и прогон на граѓански активисти, новинари и бранители на човековите права. Еден од главните инструменти на репресијата стана таканаречениот „случај на кримските муслимани“, во чии рамки десетици луѓе добија долгогодишни затворски казни без докази за учество во насилни дејствија. Паралелно продолжува политиката на културно истиснување и асимилација. Затворени се независните кримскотатарски медиуми, значително се ограничени можностите за образование на кримскотатарски јазик, се менува историската политика и се стеснува просторот за зачувување на идентитетот на домородниот народ на Крим.

Во јавноста е познат случајот со новинарот и граѓански активист Вилен Темерјанов. По окупацијата на неговиот роден Крим, тој се фокусира на известување за репресијата што ја спроведуваат руските окупатори каде што живее, селото Вилне и пошироко, во округот Џанкој, на Кримскиот Полуостров. Припадниците на руските окупациски сили упаднаа во неговиот дом на 11 август 2022 година. Утредента, окупаторите му одредуваат „превентивна мерка притвор“, а потоа лажно го обвинуваат за учество во активности на терористичка организација. Се разбира, единствената „терористичка активност“ на Вилен се состои во тоа што известувал за окупациската репресија врз неговите сограѓани на Крим. Префрлен е на руска територија на 20 април 2023 година во истражниот затвор во Ростов-на-Дон. Наспроти барањата на меѓународната заедница, вклучително и ЦИВИЛ – Центар за слобода, рускиот агресор не открива детали за судбината на овој новинар, како и за многумина други што ја делат судбината на Темерјанов.

Илјадници кримски Татари повторно се принудени да го напуштат Крим поради атмосферата на страв, политички прогон и воената мобилизација, додека Русија активно го населува полуостровот со сопствени граѓани. Таквите дејствија претставуваат директно кршење на меѓународното хуманитарно право и IV Женевска конвенција (За заштита на цивилните лица за време на војна).

Сеќавањето на депортацијата на кримскотатарскиот народ не е само за минатото. Тоа е потсетник за опасноста од тоталитаризмот, политиката на колективно казнување и неказнивоста. Признавањето на депортацијата како акт на геноцид претставува важен чекор кон обновување на историската правда и спречување повторување на слични злосторства во иднина.

Денес Украина продолжува да работи на обновувањето на правата на кримскотатарскиот народ, документирањето на кршењата на човековите права на окупираниот Крим и консолидирањето на меѓународната поддршка во рамките на Кримската платформа и другите меѓународни механизми за заштита на правата на домородните народи.

Амбасада на Украина


ГЛАС НА СЛОБОДАТА: Барам од руските окупациски власти веднаш да го ослободат новинарот Вилен Темерјанов

Затвор поради човечност и исполнување на новинарските задачи: Случајот на Вилен Темерјанов, Крим, Украина

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ