• Latest

Зеленски: Колку побрзо Украина постигне победа, толку помалку зло ќе донесе Русија во другите региони

October 26, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Колку побрзо Украина постигне победа, толку помалку зло ќе донесе Русија во другите региони

October 26, 2022 09:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Колку побрзо Украина постигне победа, толку помалку зло ќе донесе Русија во другите региони, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.

Зеленски информираше дека одржал состанок со претставници на еврејската заедница – Американска, европска и, се разбира, израелска.

На состанокот се зборувало првенствено за заштита на нашиот народ, за потребата да се оневозможи рускиот терор и да се стави крај на оваа војна што е можно поскоро со гарантирање целосна безбедност и слобода за сите Украинци на целата територија на Украина.

Колку побрзо се постигне мир на нашата земја благодарение на победата на Украина, толку помалку зло ќе донесе Русија во другите региони, вклучувајќи го и Блискиот Исток во соработката со Иран. Верувам дека еден ден израелските политичари ќе ја слушнат оваа позиција, како што веќе го направи израелското општество – ние го чувствуваме, вели Зеленски.

Тој нагласи дека било посебно дискутирано за заштитата на историската меморија во Украина

И покрај војната, ние мора да продолжиме да ги спроведуваме нашите програми кои ја враќаат историската правда. Започнавме со имплементација на важен проект за комеморација на жртвите на нацизмот – изградба на споменик во Бабин Јар. Дефинитивно ќе го завршиме, дециден е Зеленски.

Зеленски, исто така посочи дека одржал исклучително значајни преговори со претседателот на Германија, кој пристигна во Украина. Претседателот Штајнмаер денеска го посети регионот Черниговски – окрузите кои беа под окупација. Додека тој беше таму започна воздушно предупредување. А всушност рускиот ракетен терор, непријателската употреба на ирански беспилотни летала беше една од клучните теми на нашите преговори.

Ние сме длабоко благодарни на Германија за модерниот и ефикасен систем за воздушна одбрана што веќе ни е обезбеден. Со нетрпение очекуваме нови слични системи.

Разговаравме за целиот опсег на нашата соработка – одбранбена, политичка, финансиска.

Значително внимание беше посветено на реконструкцијата – и јас сум му благодарен на претседателот Штајнмаер за неговата подготвеност лично да ја покровител оваа работа. Ќе ја унапредиме соработката со Германија во областа на реконструкцијата. А на ниво на локална самоуправа ќе добие и претседателски покровител.

Исто така, тој објави дека непосредно пред да го сними обраќањето, разговарал со новиот британски премиер Риши Сунак., и изрази уверување дека партнерството меѓу двете земји и веќе традиционалното британско лидерство во одбрана на демократијата и слободата дополнително ќе се зајакне.

Зеленски посочи дека Украина и Британија ги постигнаа најдобрите односи досега, но сè уште постои потенцијал да се зголеми взаемната соработка за да донесе повеќе придобивки за нашите општества.

Тој соопшти дека го поканил британскиот премиерот да ја посети Украина.

Благодарен сум на сите што ни помагаат да се бориме за слобода! Благодарен сум на сите што се борат и работат за нашата победа! Благодарен сум на сите наши воини кои сега ги држат своите позиции, ги уништуваат окупаторите и ѝ го даваат на Украина најважното чувство: чувството на доверба во нашата иднина, нагласи Зеленски во своето обраќање.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ