• Latest

Стотици велешани на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата

August 9, 2016

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Стотици велешани на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата

August 9, 2016 14:11
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Караванот на слободата , минатиот петок, на 5 август 2016, го одржа својот прв голем мултимедијален хепенинг во Велес.

На тричасовната концертна програма, под наслов „Музика на слободата“, се најдоа Бени и Нон Стоп, Лазар Ставров (Д’ Гандис) и Ле Ман. Нивните настапи беа ретко доживување за велешката публика, која го наполни Амфитеатарот и Младинскиот парк во овој град.

IMG_0567

Настанот започна во 18:30 часот, со дебата на тема „Македонија, со или без слобода“, на која учествуваа Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ, Убавка Јаневска – новинар и Игор Смилев – активист. На дебатата активно учествуваше и присутната публика, посочувајќи ги главните проблеми и сугестии поврзани со човековите права и слободи во овој крај и во земјава.

IMG_1131

Потоа, следуваа поетски читања и перформанси на поетите и уметниците Александра Спасеска, Ивана Смилевска, Љубомир Михајловски, Самоил Стојановски и Емилија Мајсторова Стојановска, како и видео проекции на стории подготвени од наградени граѓански новинари, во рамки на проектот „Граѓански објектив“.

rabotilnica

Истовремено, во текот на целиот настан, беше организирана изложба на отворено со наслов „Слобода во боја“, како и практична уметничка работилница предводена од академскиот сликар Мирослав Стојановиќ, на која заинтересираните посетители имаа можност да ги пренесат своите чувства на платно.

lazar1

На тричасовниот концерт вечерта настапија Лазар Ставров од бендот Д’ Гандис, кој пред велешката публика се претстави со авторски песни, меѓу кои се најде и последниот сингл “Шарен крај“ инспириран од неодамнешната Шарена револуција.

le man

Следни на сцената, на домашен терен се качија Ле Ман, веќе добро познати на велешката публика а и во регионот, кои дополнително ја загреаја атмосферата.

beni

Концертот кулминираше со Бени и Нон Стоп, кои пред многубројната велешка публика отсвиреа повеќе свои хитови, меѓу кои и последниот сингл со наслов инспириран од еден од најпопуларните протестни слогани – „Нема правда, нема мир“.

publika

Овој настан е првиот од деветте големи мултимедијални настани на Караванот на слободата, кој го организира ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со УСАИД, а кои ќе се случуваат во шест поголеми градови во Македонија и во Скопје. Истовремено, помали мултимедијални настани ќе се одржат во над дваесет општини низ земјата.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Tags: ВелесКараван на слободатаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ