• Latest

Одговорност, бре, мафијаши!

August 9, 2016
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Одговорност, бре, мафијаши!

August 9, 2016 14:24
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Малата среќа во оваа голема несреќа што и се случи на Македонија, е тоа што и оние „што не сакаат да се занимаваат со политика”, како и оние што слепо слушаат, гласаат, одат на протест или „дубат на трепки“ на команда на партиите на власт, ја видоа на дело распарталената партиска машинерија која ги узурпира институциите, а која не може да се справи соодветно ни со еден посилен пороен дожд. Последиците се стравотни! Нé чини прескапо, нé чини многу човечки животи и многу уништувања. А природата не бира по етничка припадност, ниту по партиска книшка

 

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Оваа општа деградација на институциите, конечно им се покажа брутално на сите, без оглед на припадноста. Во сиот свој темен „сјај“. Тоа што се случи, не може да го скрие ниту највештиот, ниту најскапиот ПР. А оваа деградација ни се случува секаде, во сите професии и области, од кои многу влијаат значајно или пресудно на нашите животи. Така е во образованието и здравството, во полицијата и судството, во работните односи и социјалата, во заштитата на човековата средина, во инфраструктурата и градежништвото…

За оваа деградација со години предупредуваат вашите омилени „странски платеници”, „соросоиди”, „чпиони”…Тие што со време ги дигаат алармите, за да не дојде до вакви ситуации. Но, тие не чинат, и затоа е толкавата црна пропаганда на власта кон нив, со сите расположливи сили, токму затоа што ги палат црвените сигнали, и ја расипуваат розовата слика за власта.

Сега, вашите омилени „предавници“ бараат одговорност! Малку ни е преку сè од „смирување топки”, „не е време сега..”, и слични фемкања!

Одговорност бре, мафијаши! Ај што не бевте подготвени, ја запустивте инфраструктурата, имавте нестручни лица на клучни позиции, не го ни предупредивте населението и не се ни обидовте да се справите како што треба со поројот, ама и потоа, дополнително добербатувате сè за што ќе се фатите! Од делење на помош по етничка и партиска линија, и со по три дена по несреќата уште недоброени жртви, со вести на јавен сервис на ден на жалост што ги газат сите стандарди за водење вести на таков ден, хаос и недостаток на било каква координација на помошта и пунктовите…, преку несоодветното третирање на загинатите, спротивно од тоа што го пропишуваат меѓународните стандарди на кои се обврзала земјата…, па сé до вашиот одвратен ПР, кој користи ваква човечка несреќа за повторно да „купи“ некој глас и да поплука кон оние што не се со вас. Несреќа за која сте најмногу винови вие, поради вашата долгогодишна негрижа, нестручност и криминал! Да не зборуваме за украдените милиони со „СК 2014“ и долговите од милијарди, пари кои ќе спасеа многу – ако беа употребени соодветно!

Одговорност, бре, мафијаши! Народ гине!

Tags: одговорностПетрит СарачинипоплаваЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ