• Latest

Со медиумска писменост во високото образование до поуспешна борба против дезинформациите

October 27, 2022
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Со медиумска писменост во високото образование до поуспешна борба против дезинформациите

October 27, 2022 14:51
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумската писменост е важна за секој граѓанин, таа особено е значајна за студентите на Филолошкиот факултет кои еден ден стекнатите вештини за борба против дезинформациите, од високото образование ќе ја пренесат во основното и средното, истакнаа учесниците на денешената панел дискусија одржана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во рамки на одбележувањето на Деновите на медиумската писменост.

Настанот е дел од проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“, а Филолошкиот факултет е еден од четирите предвидени факултети кои од оваа година почнуваат со адаптација на постоечките студиски програми, со нови содржини кои ќе имаат за цел зголемување на дигиталната писменост во високото образование.

Програмската координаторка Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии истакна дека ова е еден од првите предвидени настани од проектот.

-Ние од Институтот сме многу среќни, бидејќи ова се едни од првите настани кои се организираат, денеска конкретно од колегите од Филиолошкиот факултет како грантисти, ова е една нивна активност за вклучување на медиумската писменост во наставните програми во високото образование. Филолошкиот факултет е еден од четирите факултети кои од годинава почнуваат со адаптација на постоечките студиски програми со нови содржини од исклучителна важност, во насока на тоа идните наставници да бидат доволно обучени за пренесување на вештините за критичко толкување на медиумските содржини, изјави Теменугова.

Кристина Н. Николовска која е доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет и раководителка на проектот, е согласна дека медиумската писменост е клучна со цел подобрување на целокупната состојба со медиусмката писменост во државава.

-Сметам дека навистина е важно медиусмата писменост да биде вклучена во високото обраозвание, но особено за Филиолошкиот факултет е значајно, бидејќи онака како што се замислени сега работите медиумска писменост во основното и средното образование ја предаваат наставници по мајчин јазик, ова е местото каде ги продуцираме овие кадри, и очекуваме дека тие кога ќе дојдат на своето работно место ќе бидат веќе медиумски описменети и ќе можат добро да ги описменуваат младите луѓе, тоа е едниот важен аспект, а другиот е дека голем дел од нашите студенти започнуваат кариери во медиумите. Сметам дека е навистина важно овие студенти да имаат предзнаења за тоа како се создаваат приказните, како да бидат коректни во начинот на кој тие приказни ги претставуваат. Медиумската писменост е значајна за секој граѓанин, затоа што секој мора да знае како да функционира во овој свет во кој сме опкружени со дезинформации, порача Николовска.

Вонреден професор на Катедрата по македонски јазик на Филолошкиот факултет, Гордана Алексова изрази надеж дека оваа иницијатива ќе ги мотивира и останатите учесници во креирањето на образовниот процес за поголеми чекори, со цел целосна вклученост на медиумската писменост преку креирање посебен предмет.

-Новиот концепт на медиумската писменост се темели на три важни принципи, главно препознавањето на меиумските содржини, нивното анализирање и вреднување, како и креирањето и создавање различни видови медиумски содржини за што првенствено треба да ги оспособиме нашите студенти за понатаму тие да можат да ги пренесат овие способности во основоното и средното обраозвание. Медиумската писменост веќе е присутна во наставните содржини, но би било одлична идеја кога тие содржини би биле издвоени како посебен наставен предмет, за да се видат придобивките од нивното спроведување, оцени Алексова.

Проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“ е дел од програмата „Младите размислуваат, којашто е финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а ја спроведува ИРЕКС во соработка со локалните партнери Институтот за комуникациски студии (ИКС), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ).

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ