ВЕСТ НА ДЕНОТ: Нови дојави за бомби во девет скопски училишта
Нови закани за бомби во 14 часот стигнаа нам ејл адреси во девет скопски училишта. Учениците евакуирани, а во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. на списокот повторно се најде Гимназијата „Јосип Брос Тито“, каде посторно беше присутна полицијата и затворена улицата „Димитрија Чуповски“ пред училиштето.
АНКЕТА: Сè е врзано со политика, па и дојавите за бомби
„Претпоставувам дека е политичка игра. Кога слушнав за бомбите ми дојде идејата, зошто немаше некое училиште кајшто е мешана средина, натаму ми отиде паметот“, вели една граѓанска одговарајќи на анкетното прашање на ЦИВИЛ Медиа, дали граѓаните се запознаени со вчерашниот настан за лажните дојави за бомби во средни училишта во Скопје.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Спасовски: Сторителите на вчерашниот монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад или политички игри, мора да одговараат
„Вчера имавме дојава во 8 училишта за наводно поставени бомби. Секако дека овие згради беа детално проверени од Одделот за антитероризам и утврдивме дека станува збор за лажни пријави. Истрагата е во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови. Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој, би рекол, монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките. Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и на сите нас, ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија”, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето за дојавите за бомби во осум скопски средни училишта.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕНЕРГЕТИКА Од 1 ноември ќе работи когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
ЕКОНОМИЈА Земјава ќе ги искористи 80-те милиони евра од Европската унија најверојатно како директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите претпријатија.
АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 11.569 мегават часови електрична енергија при што во термоелектраните се произведени 8.449, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.120 мегават часови. Со тоа АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.
АНТИКОРУПЦИЈА Секој функционер без разлика од која партија доаѓа, без разлика на која функција е поставен, и без разлика на кое ниво е во државната управа, има должност согласно со Законот за спречување на корупција да достави имотен лист за се она што поседува до Државната комисија за спречување на корупцијата, којашто потоа јавно го објавува, порача премиерот Ковачевски.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Сенатот на Полска во средата гласаше за резолуција со која руските власти се признаваат како терористички режим, пренесува Укринформ според Polskie Radio.
*
НАТО нема да дозволи Путин да победи во војната што ја започна против Украина и ќе им пружи помош на украинските вооружени сили онолку долго колку што е потребно, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
*
„Радиоактивниот отпад во Словенија се складира безбедно и е под надзор. Не се користи за правење валкани бомби“, изјави Санди Виршек, директор на Словенечка агенција за управување со радиоактивен отпад (АРАО), во врска со руските тврдења дека радиоактивниот отпад од Словенија се користи за изработка на „валкани бомби“.
*
Русија ги негира успесите на украинската армија во контранападот, продолжувајќи да се фокусира на наводните недостатоци на украинскиот одбранбен систем и „промени во тактиката на „специјалната воена операција“, уверувајќи, како и секогаш, дека „сè оди според планот“.
*
На истакнатата руска пропагандистка, Маргарита Симонјан, како и на рускиот политичар Константин Затулиннаводно, им е забранет влез во Ерменија, пренесува ОЦ медиа.
*
Службата за безбедност на Украина ги разоткрива сите можни закани од непријателско влијание во работењето на Украинската православна црква на Московската патријаршија, затоа агенцијата темелно работи на спротивставување на таквите закани, изјави вршителот на должноста началник на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Васил Малиук, во интервју за Интерфакс, пренесува Укринформ.
*
Министерството за надворешни работи на Украина обрна внимание на изјавата на Комесарот за правата на децата при претседателот на Руската Федерација, Марија Лвова-Белова, при незаконското посвојување на украинско дете, кое беше киднапирано во Мариупол од страна на руската армија.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Паднаа во вода лагите и манипулациите на Апасиев за употребата на македонскиот јазик
Демаскиран дидерот на Левица, Димитар Апасиев, како ги манипулира(л) и лаже(л) своите следбеници и поддржувачи во врска со употребата на македонскиот јазик. Прво ги манипулирал дека македонскиот јазик не е признаен, а откако вчера премиерот Димитар Ковачевски со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лејен потпишаа Договор за Фронтекс, на македонски јазик без фусноти и ѕвездички, истиот Апасиев напишал „па нормално дека на македонски јазик ќе се потпише“.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Тоа се политики што се спроведуваат веќе со години; време во кое македонското општество се бори со последиците од клептократијата и структурното насилство што 11 години ги спроведуваше режимот на Груевски, сиромаштијата, национализмот и хибридните напади од Русија.
Со тенко мнозинство во парламентот зад себе, владата во овој релативно краток период реши тешки историски прашања, а паралелно со тоа се соочуваше со секојдневните предизвици на сите граѓанки и граѓани.“ пишува Џабир Дерала во утринската колумна „Дали Мицкоски прави будала од себе или од сите останати?“.
„Кај нас изгледа сѐ уште не сме го разбрале постоењето на оваа појава која може да доведе до затворање на капацитети и губење на работни места. Јас би претставил два документи кои кај нас некако поминуваат како вест од временската прогноза. Прв таков документ е извештајот на европската комисија каде се нотирани слабостите на нашата економија и опасностите за неа во кризата која изгледа сѐ уште не доспеала до својот врв.“, Војо Маневски во колумната „Ријалити економија“.












