• Latest

Словенечката Влада ги демантира руските тврдења: Радиоактивниот отпад во Словенија се складира безбедно, не се користи за „валкани бомби“

October 27, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Словенечката Влада ги демантира руските тврдења: Радиоактивниот отпад во Словенија се складира безбедно, не се користи за „валкани бомби“

October 27, 2022 08:58
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Радиоактивниот отпад во Словенија се складира безбедно и е под надзор. Не се користи за правење валкани бомби“, изјави Санди Виршек, директор на Словенечка агенција за управување со радиоактивен отпад (АРАО), во врска со руските тврдења дека радиоактивниот отпад ос Словенија се користи за изработка на „валкани бомби“

Словенечката Влада вчера објави три пораки преку Твитер, во кои се нагласува дека радиоактивниот отпад во Словенија се складира на безбеден начин и не може да биде користен за валкани бомби.

Словенија на тој начин одговори на неодамнешниот твит на руското Министерство за надворешни работи, со предупредувачка содржина дека Украина планира да употреби валкана бомба, проследен со фотографија со потекло од Словенија.

На една од фотографиите што во понеделникот ја објави руското Министерство за надворешни работи, има проѕирни кеси со радиоактивен материјал проследени со натпис „радиоактивно“ испишан на словенечки.

Според Владата во Љубљана, фотографијата е сопственост на Агенцијата за радиоактивен отпад (АРАО), снимена во 2010 година. Фотографијата била користена како материјал за професионални презентации и средство за информирање на пошироката и заинтересирана јавност.

На фотографијата се прикажани детектори за чад што се во општа употреба. Детекторите содржат радиоактивен извор, но не и радиоактивните извори наведени во табелата под фотографијата.

„Фотографијата е објавена без знаење на АРАО“, се појаснува во третиот твит што го објави официјална Љубљана.

Валкана бомба е термин што се користи при опес на конвенционално оружје што содржи радиоактивен материјал.

Москва овинувањата првпат ги упати во неделата во телефонскиот разговор на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу со неговите колеги од САД, Франција, Велкика Британија и од Турција, споменувајќи „можни провокации од Украина со употреба на ’валкана’ бомба“.

Париз, Лондон и Вашингтон ден потоа заеднички ги критикуваа „лажните“ тврдења на Москва, а британската мисија во ОН уште посети дека „во Украина нема нуклеарно оружје“.

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ