• Latest

Отворен Балкан како реаниматор за Берлинскиот процес

November 4, 2022
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Отворен Балкан како реаниматор за Берлинскиот процес

November 4, 2022 10:07
in АНАЛИЗИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ 

Отворен Балкан делуваше како дефибрилатор за Берлинскиот процес. Го реанимираше и го врати во живот после две години „контролирана кома“. „Чудото“ ги охрабри Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, заедно со Албанија, Србија и Северна Македонија, да стават потписи на три важни договори за продуктивна регионална соработка: Договорот за слобода на движење и престој на граѓаните, односно за меѓусебно признавање на личните карти; Договорот за признавање на академските квалификации и Договорот за меѓусебно признавање на стручните квалификации за лекари, стоматолози и архитекти.

Тоа вчера во Берлин не претставуваше никаков проблем за Сараево, Приштина и Подгорица, иако поволностите од истите договори веќе во голема мерка беа утврдени, и веќе беа аплицирани во форма на договори во рамките на Отворен Балкан.

Како и да е, Самитот во Берлин треба да се гледа од аспект на придобивките за граѓаните од регионот. Тоа е многу поважно отколку на кои актери во овие два процеса ќе им биде припишано, или ќе си го припишат ова остварување.

Се докажа дека Отворен Балкан и Берлинскиот процес се комплементарни процеси коишто се надополнуваат, или, ако сакате, уште повеќе и си ја помагаат взаемно виталноста.

Тоа значи дека ниту еден од овие два процеси не го загрозува другиот и дека и двете иницијативи треба да продолжат да постојат, да работат и да иницираат што е можно повеќе иницијативи за регионална соработка. Тоа треба да биде бидејќи Отворен Балкан покажа дека тоа го бараат и граѓаните на регионот.

Зошто она што Отворен Балкан нема да стигне да го сработи да не биде преземено и обезбедено од ЦЕФТА, од Регионалниот совет за соработка, од Берлинскиот процес, од Регионалната канцеларија за млади, од Регионалната стопанска комора на Западен Балкан, а секако и обратно.

Наместо монопол во регионалното поврзување кое никому нема да му донесе ништо добро иницијативите треба да се помагаат меѓу себе, да се натпреваруваат со идеи и со ефикасност во позитивна смисла.

Треба да прифатиме без никаква скепса дека Западен Балкан е регион со неисцрпни можности и затоа секоја добронамерна регионална иницијатива е добредојдена.

Во однос на темите на помирувањето на Балканот, дали бриселскиот договор меѓу Србија и Косово ќе си ја најде својата имплементација преку Отворен Балкан или преку Берлински процес е ирелевантно. Многу порелевантно е дека ваквите иницијативи се плодна почва за историски поместувања напред за што во регионот постои и насушна потреба и за создавање на таков амбиент и Отворен Балкан и Балканскиот процес имаат сериозни потенцијали.

Во Берлин вчера ова го потврдија и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен.

Шолц изрази уверување дека е „време да се надминат внатрешните конфликти“ и дека „Берлинскиот процес не само што може да го ослободи потенцијалот на регионот, туку и да го забрза неговиот пат кон Европската унија“, додека пак фон дер Лајен порача дека е добро да се видат сите партнери од Западен Балкан во Берлин и дека „тука сме за да ја продлабочиме економската соработка почнувајќи од енергетиката“.

Шолц од Берлин испрати уште една силна порака којашто треба да ја слушнат некои наши дипломати, кои, да им се чудиш на паметот, како паракити уште мантраат дека Отворен Балкан и Берлински процес се „само замена за членство на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија“.

Наспроти овие дезинформатори Шолц изјави дека граѓаните од регионот можат да сметаат на Германија и дека „заедничката иднина без граници е клучна за Западен Балкан“.

На она за што се залага Берлинскиот процес, според зборовите на Шолц, како итен одговор поради заканите по безбедноста и слободата во Европа поради агресијата на Русија, беше во повеќе наврати предупредувано за време на претходните самити на Отворен Балкан.

Отворен Балкан, како и Берлинскиот процес, е заложба за стабилен регион, за владеење на мирот, за соработка и за економски развој и автохтона иницијатива за европеизација на регионот, со една и единствена цел Западен Балкан да стане дел од Европската Унија, сега веќе е и како стратешко и безбедносно прашање.

Оттаму, целта Северна Македонија да стане членка на ЕУ во 2030 година, веќе и не е толку невозможна мисија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ