• Latest

Што се случува на северот на Косово?

November 7, 2022

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Што се случува на северот на Косово?

November 7, 2022 13:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По одлуката за напуштање на институциите на Косово, пратениците на Српската листа денеска ги доставија и своите мандати до Собранието на Косово.

Според косовските медиуми, и Собранието на Република Косово преку соопштение го потврди доставувањето на мандатите на пратениците од Српската листа.

Соопштуваме дека 10 пратеници на Собранието на Република Косово од политичкиот парламентарен субјект Српска листа поднесоа неотповиклива оставка“, се вели во соопштението.

Ова се случува откако во сабота, на 5 ноември, Српската Листа најави отстранување на Србите од институциите на Република Косово.

Пратеници на Српска Листа во Собранието на Република Косово

Предупредувањата на Српската листа за напуштање на институциите на Косово дојдоа по одлуката на косовските власти да го суспендираат директорот на косовската полиција за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на Владата на Косово за пререгистрацијата на автомобилите.кои имаат регистарски таблички издадени од Србија во РКС – Република Косово.

Српските полициски службеници денеска од 8 часот почнаа да го предаваат оружјето и униформите во полициската станица во северниот дел на Митровица, јавува КосоваПрес.

Испораката на опремата на околу 300 полицајци на северната станица во Митровица ќе се врши во текот на денешниот ден со различни распореди.

Српски полицајци предаваат униформи – Косово

Според Косова Прес, забележано е дека припадници на полицијата на ЕУЛЕКС  влегуваат и излегуваат од полициската станица во северниот дел на Митровица, во моментот кога српските полицајци ги предаваат оружјето и униформите.

Според косовските медиуми, околу 150 други полицајци кои служеле во другите општини на северот на Косово денеска ќе ја предадат својата опрема, но во станиците на овие општини.

Косовската полиција соопшти дека во неделата имало оставки на полицајци од српската заедница на северот на земјата.

17 советници на Српската листа на општина Косовска Митровица заедно со градоначалникот, како и градоначалниците на Зубин Поток и Лепосавиќ дадоа официјални оставки од своите функции изминатиот викенд.

На покана на премиерот Албин Курти, владиниот кабинет вчера одржа состанок на чиј дневен ред беше да се разговара за актуелната состојба и последните случувања во земјата.

Премиерот на Република Косово, Албин Курти

Истакнувајќи ја важноста од непречено одвивање на работата на институциите и услугите кои тие ги даваат, во текот на дискусијата беше потврдено дека институциите од подреденоста на секое министерство продолжија да ги извршуваат своите должности во рамките на нивните надлежности.

Курти изјави дека не може да се загрози законитоста и уставноста на Републиката, а дијалогот и институциите немаат алтернатива. Тој го повтори повикот да не се бојкотираат и да не се напуштаат институциите на Косово, кои им служат на сите без разлика.

Советот за заштита на човековите права и слободи реагираше на неодамнешната ситуација во Косово. Од Советот  нагласуваат дека единствена цел на Србите е создавање на Здружението и дека проблемот со регистарските таблички е само изговор за да стигнат до нивната цел.

„По средбата на Српската листа со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше одлучено Србите, првично од четирите северни општини, да се повлечат од сите институции на Косово. Нивното повлекување беше најавено претходно и беше искористено како средство за закана и уцена за исполнување на нивните барања. Изговорот беше одлуката на Владата на Косово преку ескалиран процес да го продолжи рокот за замена на дивите регистарски таблички, прво со опомена, потоа со казни од 150 евра и на крајот со одземање на нелегалните регистарски таблички“, се вели во реакцијата на Советот за заштита на човековите права.

Соединетите Американски Држави го споделија истото мислење со ЕУ, дека неодамнешните случувања во однос на односите меѓу Косово и Србија се загрижувачки и го ставаат на ризик важниот напредок постигнат во дијалогот што го олеснува ЕУ.

„Сите инволвирани страни мора да преземат чекори за намалување на тензиите и обезбедување мир и стабилност. Акциите и реториката кои ја зголемуваат можноста за насилство ги ставаат невините животи и оние на меѓународните мировни сили на непотребен ризик“, се наведува понатаму во одговорот за косовки Телеграф.

Амбасада на САД, Приштина

Од Амбасадата нагласуваат дека САД се усогласени со ЕУ во однос на барањето до Владата на Косово да го одложи спроведувањето на одлуката за регистарски таблички.

„Ова значи итно продолжување на процесот на пререгистрација на возилата и суспензија на секакви казнени дејствија против носителите на регистарски таблички на КМ додека не се реши проблемот со регистарските таблички од страна на страните во рамките на Дијалогот. Тоа значи и итен почеток на преговорите за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство. Собранието на Косово го ратификуваше Бриселскиот договор, а Уставниот суд на Косово одлучи да се формира Здружението, со што неговото формирање е законска обврска за Косово. Континуираното неисполнување на оваа обврска од страна на Косово го нарушува принципот на владеење на правото и го нарушува угледот и кредибилитетот на Косово“, изјави портпаролот на американската амбасада во Приштина.

На 1 ноември 2022 година, Владата на Република Косово започна со спроведување на планот за пререгистрација на табличките со српски ознаки на градовите во Косово, издаден од Србија, како што е КМ (Косовска Митровица). Планот за пререгистрација требаше да започне на 1 август, откако Косовските власти соопштија дека регистерските таблички ќе бидат заменувани со привремени и дека дополнителните полициски сили се разместени за имплементација на „реципроцитетот“.

Д. Тахири

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ