• Latest

Северна Македонија во НАТО сајбер центар за безбедност, нема реконструкција на Владата, ќе се намалат цените на прехранбените продукти

November 10, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Северна Македонија во НАТО сајбер центар за безбедност, нема реконструкција на Владата, ќе се намалат цените на прехранбените продукти

November 10, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија прифатена во НАТО сајбер центарот за одбрана

Во рамки на официјалната посета на Естонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи го посети НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence – NATO CCDCOE) со седиште во Талин.

„На денешната средба, Северна Македонија како членка на НАТО и дел од регионот на Западен Балкан кој е изложен на сајбер закани беше прифатена во НАТО центарот за извонредност за сајбер одбрана и е во процес на полноправно членство. Во рамките на процесот, Северна Македонија ќе може да ги користи алатките на Центарот за да ја засилува сопствената отпорност од хибридни напади и да ја зајакне заштитата на критичката инфраструктура“, се наведува во соопштението од МНР.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Се што се пишува за реконструкција на Владата е во доменот на шпекулациите

„Јас не сум ги видел утрово натписите за кои што зборувате. Во моментов, Владата функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Јас не сум имал разговори како премиер бидејќи премиерот предлага министри во Владата во однос на реконструкција на Владата така што се тоа што се пишува е во рамките на шпекулации во овој момент.“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Загубата на западниот брег на Керсон веројатно ќе ја спречи Русија да го постигне својот стратешки план за создавање копнен мост до Одеса, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство потпирајќи се на своето разузнавачко ажурирање објавено на Твитер во четвртокот, пренесува Укринформ.

Забележано е дека на 9 ноември 2022 година, рускиот министер за одбрана Шојгу Шојгу нареди повлекување на руските сили од западниот брег на реката Днипро во Херсон на југот на Украина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МИНИМАЛЕЦ Со воспоставениот модел за раст на минималната плата во март следната таа ќе порасне за 10 % и ќе достигне речиси 20.000 денари. Во март оваа година минималната плата изнесуваше 15.200 денари, што значи дека само за една календарска година таа ќе се зголеми за над 30 отсто.

НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИ Во наредните десет дена очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. И во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

СТРУЈА И ПАРНО До крајот на грејната сезона нема да имаат никаков проблем во делот на снабдување со топлинска и со електрична енергија. Нема да има ниту драстично зголемување на цените од 1 јануари и за парното и за струјата зашто ги правиме соодветните анализи и проекции.

СВЕТ

ИЗБОРИ Американскиот претседател Џо Бајден, коментирајќи ги среднорочните избори на кои неговата Демократска партија помина подобро од очекуваното, рече дека изборниот ден во вторникот бил добар за демократијата, но оти резултатите покажуваат дека Американците сè уште се фрустрирани.

„Тоа беше добар ден за демократијата“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа.

ТВИТЕР Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека треба да се разгледа улогата на странските инвеститори во финансирањето на милијардерот Илон Маск при купувањето на Твитер за 44 милијарди долари.

РЕГИОН

Состојба Косово: Кој е за, а кој против француско -германскиот предлог?

Според различните  реакции од страна на косовските, српските и европските релевантни политички чинители, Француско-германскиот предлог за нова рамка за дијалог меѓу Косово и Србија, чија содржина ја објави  EURACTIV, очигледен е степенот на волјата, желбата и подготвеноста за решавање на проблемот помеѓу двете земји.

Минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес, главниот дипломат на ЕУ Жозеп Борел претстави „предлог до страните (Србија и Косово) да направат конкретен и неповратен напредок на патот кон сеопфатна нормализација“, кој беше поддржан од Германија и Франција.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Светот секогаш ги следи американските избори со нетрпеливо исчекување. Особено последните неколку изборни процеси во САД (од Трамп наваму) се покажаа како исклучително напнати и неизвесни, како последица од сѐ подлабоката поларизација во американското општество, но и во светот. Конгресните избори што се одржаа на 8 ноември се извонредно критични. Претседателот Бајден изјави дека на овие избори се брани демократијата. Затоа, воопшто не е чудно што чинат милијарди долари.“,  – Политиката е бизнис. И обратно., од Џабир Дерала.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ