ВЕСТ НА ДЕНОТ
Северна Македонија прифатена во НАТО сајбер центарот за одбрана
Во рамки на официјалната посета на Естонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи го посети НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence – NATO CCDCOE) со седиште во Талин.
„На денешната средба, Северна Македонија како членка на НАТО и дел од регионот на Западен Балкан кој е изложен на сајбер закани беше прифатена во НАТО центарот за извонредност за сајбер одбрана и е во процес на полноправно членство. Во рамките на процесот, Северна Македонија ќе може да ги користи алатките на Центарот за да ја засилува сопствената отпорност од хибридни напади и да ја зајакне заштитата на критичката инфраструктура“, се наведува во соопштението од МНР.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ковачевски: Се што се пишува за реконструкција на Владата е во доменот на шпекулациите
„Јас не сум ги видел утрово натписите за кои што зборувате. Во моментов, Владата функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Јас не сум имал разговори како премиер бидејќи премиерот предлага министри во Владата во однос на реконструкција на Владата така што се тоа што се пишува е во рамките на шпекулации во овој момент.“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Загубата на западниот брег на Керсон веројатно ќе ја спречи Русија да го постигне својот стратешки план за создавање копнен мост до Одеса, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство потпирајќи се на своето разузнавачко ажурирање објавено на Твитер во четвртокот, пренесува Укринформ.
Забележано е дека на 9 ноември 2022 година, рускиот министер за одбрана Шојгу Шојгу нареди повлекување на руските сили од западниот брег на реката Днипро во Херсон на југот на Украина.
ФЛЕШ ВЕСТИ
МИНИМАЛЕЦ Со воспоставениот модел за раст на минималната плата во март следната таа ќе порасне за 10 % и ќе достигне речиси 20.000 денари. Во март оваа година минималната плата изнесуваше 15.200 денари, што значи дека само за една календарска година таа ќе се зголеми за над 30 отсто.
НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИ Во наредните десет дена очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. И во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
СТРУЈА И ПАРНО До крајот на грејната сезона нема да имаат никаков проблем во делот на снабдување со топлинска и со електрична енергија. Нема да има ниту драстично зголемување на цените од 1 јануари и за парното и за струјата зашто ги правиме соодветните анализи и проекции.
СВЕТ
ИЗБОРИ Американскиот претседател Џо Бајден, коментирајќи ги среднорочните избори на кои неговата Демократска партија помина подобро од очекуваното, рече дека изборниот ден во вторникот бил добар за демократијата, но оти резултатите покажуваат дека Американците сè уште се фрустрирани.
„Тоа беше добар ден за демократијата“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа.
ТВИТЕР Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека треба да се разгледа улогата на странските инвеститори во финансирањето на милијардерот Илон Маск при купувањето на Твитер за 44 милијарди долари.
РЕГИОН
Состојба Косово: Кој е за, а кој против француско -германскиот предлог?
Според различните реакции од страна на косовските, српските и европските релевантни политички чинители, Француско-германскиот предлог за нова рамка за дијалог меѓу Косово и Србија, чија содржина ја објави EURACTIV, очигледен е степенот на волјата, желбата и подготвеноста за решавање на проблемот помеѓу двете земји.
Минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес, главниот дипломат на ЕУ Жозеп Борел претстави „предлог до страните (Србија и Косово) да направат конкретен и неповратен напредок на патот кон сеопфатна нормализација“, кој беше поддржан од Германија и Франција.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Светот секогаш ги следи американските избори со нетрпеливо исчекување. Особено последните неколку изборни процеси во САД (од Трамп наваму) се покажаа како исклучително напнати и неизвесни, како последица од сѐ подлабоката поларизација во американското општество, но и во светот. Конгресните избори што се одржаа на 8 ноември се извонредно критични. Претседателот Бајден изјави дека на овие избори се брани демократијата. Затоа, воопшто не е чудно што чинат милијарди долари.“, – Политиката е бизнис. И обратно., од Џабир Дерала.
Д. Тахири