• Latest

Милошевиќ, АДП-ЗИД, Црна Гора: Циркуларната економија ќе отвори нови работни места и нови бизниси

November 22, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Милошевиќ, АДП-ЗИД, Црна Гора: Циркуларната економија ќе отвори нови работни места и нови бизниси

Експертите од најразлични области, претставници на невладини организации од Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија,  покрај главната тема- циркуларната економија, разговараа и за искуствата од нивните земји, тамошната култура, меѓуетничките односи, енергетската криза, ЕУ интеграциите...

November 22, 2022 12:27
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународни искуства беа споделени на дводневната работилница на LogEx која се одржа во Скопје, во врска со предизвиците и можностите кои треба да се применат во земјите од Западен Балкан во однос на транзицијата кон циркуларната економија.

Целта на заедничката работилница беше  да се споделат знаењата за различните теренски практики на циркуларната економија преку последниот развој во Европа, Америка, Дубаи и да се обидат да ги премостат, или поконкретно да ги внесат овие неверојатни практики во контекстот на Западен Балкан.

Исто така, една од значајните поенти беше значењето на циркуларната економија од деловна гледна точка во претприемништвото, имплементацијата на политиките и енергијата. Не само од бизнис (приватен сектор) гледна точка, туку и улогата на Владите во овој процес.

Покрај тоа, дискусијата за значењето на обновливите извори на енергија и достапните обновливи ресурси  не само како дел од ЦЕ, туку и како исполнување на други социјални проблеми, како што е намалувањето на сиромаштијата.

Експертите од најразлични области, претставници на невладини организации од Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија,  покрај главната тема- циркуларната економија, разговараа и за искуствата од нивните земји, тамошната култура, меѓуетничките односи, енергетската криза, ЕУ интеграциите…

Она што е важно е циркуларната економија да отвори нови работни места

„Ние како организација го поддржуваме концептот на социјалната економија и преку нашата организација работиме со многу млади луѓе за да развиваат пред се стартапи, преку концептот на циркуларната економија, со што нудиме поддршка преку совети и промоција, но и предавања на кои се објаснува процесот на производство, употреба и реупотреба на некои добра и материјали, но секако да се запазат стандардите на квалитет, но и еколошки материјали, вели, во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Игор Милошевиќ од НВО АДП-ЗИД од Подгорица.

Според него многу често се зборува за екологија и заштита на животната средина, но поретко за вредноста како дел од економијата. Милошевиќ додава дека има многу активности на полето на рециклирањето, но во принцип тоа не придонесува многу на полето на економски развој.

„Она што е важно е циркуларната економија да отвори нови работни места и нови бизниси и можности. За сето тоа е потребен квалитетен еко систем, а за тоа се потребни луѓе со идеи, инвеститори, подобри закони, но во моментот сè е на почетокот, а ние знаеме дека на ова поле има многу можности, и покрај политичките кризи и притисоци, сепак треба да сме свесни дека можеме да го искористиме овој потенцијал во социјалниот и економскиот развој“, појаснува Милошевиќ.

Политичка и енергетска криза

Црна Гора е земја што според економистите нема проблем со енергенси, особено струја,  иако во некои делови луѓето користат дрва или пелети, а во најголем дел од годината најчесто ја извезуваат таа струја.

„Ние сме постојано во политичка криза, а тоа значително влијае на патот до ЕУ, неколку пати ги менуваме групите кои треба да ги отворат пристапните поглавја, но мора да ги решиме политичките проблеми, па и правосудниот систем ако сакаме да одиме напред, па веројатно ќе ја чекаме пролетта 2023 за да ги средиме политичките проблеми за да можеме да ги забрзаме чекорите“, вели Милошевиќ за реалните состојби во неговата земја, на пршањето како се справуваат со енергетската криза.

Неконтролирано градење

Еден од горливите проблеми кој има влијание врз животната средина, загадувањето, но најмногу корупцијата е токму градежната мафија. Токму политичката криза е таа што го кочи процесот на донесување на деталните урбанистички планови и неконтролиранотото градење во некои градови.

„Како и повеќето земји на Балканот и Црна Гора има проблеми со урбанистичките планови, се гради секаде, но владее хаос бидејќи политичката криза си го прави своето и неконтролирано се издаваат дозволи за градба, со што Подгорица, Бар, Улцињ се во хаотична состојба, а секоја Влада ветува расчистување на овој хаос и доведување во ред на градбите но и процесот на легализација. Но главниот проблем е што немаме соодветен закон за градби, дел од граѓаните градат без дозвола бидејќи немаат пари за соодветна документација, богатите пак градат без дозволи и го злоупотребуваат законот, а потоа сакаат поевтино да поминат со легализацијата, затоа што властите не се заинтересирани за концепт на градби што луѓето ќе можат да си ги дозволат, а овој суров капитализам кој владее 30 години по напуштањето на Југославија всушност е кој преживее ќе раскажува, вели Милошевиќ.

Како меѓу свои луѓе

Тој вели дека често патуваат со организацијата во многу земји од Западен Балкан, а особено во Северна Македонија и како што вели, во земјава е како меѓу свои луѓе.

Што е LogEx?

Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од  Западен Балкан и дијаспората во регионот.

Како разновидна заедница, LogEx работи на решавање на јазот помеѓу високото образование и пазарот за вработување во регионот и го олеснува заедничкото учење и соработка и работи на градење човечки капитал, зајакнување на кружната економија, намалување на невработеноста и миграцијата.

Исто така LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркулатната економија и безбедноста и развива стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат за да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани, но најмногу да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија, бидејќи ова е еден нов концепт кој допрва треба да се развива на Балканот.  Сите здруженија од земјите од Западен Балкан имаат сличности околу заедничките цели, но и проблеми со кои се соочуваа.

Затоа средбата во Скопје, послужи како добра основа за дискусија и трасирање на патот напред кон подобрување на состојбите во регионот преку стратегии кои ќе ја понудат циркуларната економија како едно од решенијата. Покрај претставнци на организациите, на средбата на LogEx беа присутни и претставници од универзитети и експерти во областа.

Соња Танеска/Зелен ЦИВИЛ

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУлогексциркуларна економијаЦрна Гора
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ