Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев во вечерашната дебата во „Топ тема“ во врска со скандалот со предвремено полагање на правосуден испит што деновиве ја тресе јавностао, посочи дека ова не е прва таква афера.
„Ако е точно сето она што го слушаме, кандидат што нема завршено факултет, да може да има положено правосуден. Ова не е прва таква афера. Досега можеби не се дигнало толку галама. Се сеќавам дека за премиерот кој е во бегство, се зборуваше дека неговата сопруга положила правосуден без да се појави“, истакна Калајџиев.
Во јавноста деновиве изби скандал околу предвремено положени правосудни испити во кој, меѓу кандидатите, фигурира и Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери.