• Latest

Маричиќ: Имаме јасна цел и реформски план, следниот Извештај на ЕК ќе биде со подобра оценка

December 13, 2022

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Имаме јасна цел и реформски план, следниот Извештај на ЕК ќе биде со подобра оценка

December 13, 2022 13:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на панел-дискусијата посветена на годишниот Извештај на Европската комисија за кластерите „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“, рече дека Владата има јасно поставена цел, јасен план за реформирање кој мора да продолжи и во следниот период.

– Свесни сме дека пред нас е сложен и долгорочен процес кој бара континуитет и силна политичка волја за темелни реформи. Обврската што ја преземаме е тешка, но знаеме и која ни е целта: развој, просперитет, европска економија, европски пазари, европски животен стандард за граѓаните, до крајот на 2030. Амбициозна, но достижна цел, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот посочи дека Годишниот Извештај на Европската комисија за 2022 година, кој пристигна неколку месеци после почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, ќе биде основа за компарација како било пред, а како после почетокот на преговорите.

– Верувам дека заеднички ќе ја подобриме оценката на следниот годишен Извештај на ЕК, ќе правиме сигурни чекори на европскиот пат и заеднички ќе ја реализираме нашата стратешка цел, рече Маричиќ пред присутните додавајќи дека преговорите со ЕУ се државен и тимски проект кој надминува и мандат на една влада и партиски интереси.

За главниот преговарач со ЕУ сите Кластери и поглавја се важни и имаат своја посебна тежина, но поглавјата од Кластерите 2 и 3, „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“, имаат директно влијание врз животот на граѓаните бидејќи опфаќаат значајни области и за работниците и за работодавците, малите и големите претпријатија, индустријата, стопанството, економската и монетарната политика, оданочувањето, социјалната политика, но и науката и истражувањето и образованието и културата.

– Затоа пред Извештајот застануваме транспарентно, инклузивно и одговорно кон сè она што е нотирано во него. Секоја забелешка и препорака да биде наша насока за планирање на следна реформска активност, доколку сакаме да успееме во овој државнички проект, кој се случува само еднаш и за кој имаме само една шанса, потенцираше Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека Извештајот покажува стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата и одржливи реформи и напомена дека сега мора да го задржи континуитетот и да се даде нова динамика на реформите, бидејќи како што вели Маричиќ, колку побрзо ги коригираме укажувањата толку побрзо ќе се трансформираме и ќе се подготвиме за членството во Унијата.

– За тоа имаме капацитет и политичка волја да го реализираме. Владата е посветена на реформите, бидејќи нашата примарна цел не е само членството во ЕУ, туку трансформирањето на македонското општеството кон подобро и бенефитите кои ги носи Унијата за граѓаните, кажа Маричиќ.

Тој изрази уверување дека овие панел дискусии посветени на Извештајот ќе продолжат и следната година и дека пратениците ќе бидат следни кои ќе дебатираат за европската иднина и за забелешките кои Европската комисија ги испрати за Собранието.

Со панел-дискусија за Кластерите 2 и 3 „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“ се заокружи серијалот настани под слоганот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности“, организиран од Секретаријатот за европски прашања, со поддршка на долгогодишните пријатели и помагачи на процесот на пристапување во ЕУ, Кралството Шведска преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС.

Tags: Бојан МаричиќЕУкластерУНОПС
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ