• Latest

Ако ЕУ е најпосакуван партнер на македонските граѓани, зошто ВМРО-ДПМНЕ е против нивната волја

December 20, 2022
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ако ЕУ е најпосакуван партнер на македонските граѓани, зошто ВМРО-ДПМНЕ е против нивната волја

Ако денеска добиваме 100 милиони помош од ЕУ, кога би биле членки тоа би биле најмалку 600 милиони евра годишно, затоа што тогаш Северна Македонија ќе ги користи фондовите наменети за земји со понизок БДП од оној на ЕУ.

December 20, 2022 16:31
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Последните анкети покажуваат дека 73 проценти од македонските граѓани сакаат членство во ЕУ и покрај забелешките за тоа во која насока оди земјата, пред се имајќи ја предвид економските прилики во кои се наоѓаат поради светска економска и енергетска криза. За одбележување е што довербата во ЕУ пораснала за цели 11 проценти од минатата година. Тоа е навистина охрабрувачки ако се има предвид дека расположението на граѓаните се променило за само две месеци откако беа почнати преговорите со ЕИ и по масовните протести против т.н. Француски предлог.

Речиси ден по анкетата на ИРИ, Галуп Интернешнл во своето истражување потврдува дека ЕУ и САД се најпосакувани партнери за Северна Македонија.

Истражувањето на „Галуп интернешнл“ открива какво е јавното мислење во однос на ЕУ, САД, Русија и Кина, од аспект на посакувани економски и безбедносни партнери.

Па така за македонските граѓани ЕУ е најпосакуван економски, а САД најпосакуван безбедносен партнер. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено во 64 земји, во периодот август-октомври 2022 година.

Според резултатите, Европската Унија е најпосакуваниот партнер на Северна Македонија во економската сфера според 34 отсто од испитаниците, а за 28 отсто и најпосакуван партнер во безбедносната сфера. За САД како најпосакуван економски партнер се изјасниле 18%, а 29% ги претпочитаат САД како партнер во безбедносната сфера.

Русија била посакуван економски партнер за 19% од испитаниците, а како безбедносен партнер за 23%. Од испитаниците во РСМ за посакуван партнер во економијата 12% ја сметале Кина, а за безбедносен партнер 6%.

Според резултатите од истражуваното јавно мислење за колективниот Запад (САД и ЕУ заедно), високи 52% од испитаниците во РСМ нив ги преферираат како економски партнери, а 57% и како партнери во сферата на безбедноста. За Русија и Кина (заедно) како за посакувани економски партнери се изјасниле 31%, а како за посакувани партнери во сферата на безбедноста 29%.

И за некое чудо или сепак не, вкупните резултати од 64 земји покажуваат, дека колективниот Запад (ЕУ и САД) останува попривлечен како економски (58%) така и како партнер во безбедноста (59%). За споредба, Кина и Русија заедно добиле 29% поддршка како економски, и 26% како безбедносен партнер.

Ако е така, тогаш зошто ВМРО-ДПМНЕ им го пречи патот на граѓаните кон ЕУ, измислувајќи сто причини за да им го оневозможат бенефитот на сопствените граѓани за кои постојано велат дека се грижат.

Оваа лажна грижа на опозицијата мора да престане, токму во интерес на граѓаните на кои повеќе од сè им е потребен политички и особено економски просперитет што ЕУ им го овозможува.

Како пример кој треба постојано да го имаат граѓаните кога размислуваат за членство во ЕУ се меѓу другото и економски аспекти.

Ние денес имаме околу 39% од просечниот бруто домашен производ (БДП) на Европската Унија. Тоа е мнoгу малку во споредба со оној на Унијата. За да го забрзаме тој процес нашата економија нема доволен раст ниту пак има доволно фискален простор за инвестиции што би го забрзале тој раст.

Затоа ни се неопходни средствата кои доаѓаат од ЕУ преку ИПА фондовите во висина од сто милиони годишно. Според зборовите на Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања, тоа не се мали суми на пари кои во земјата влегуваат како реформи или инвестиции и ние мораме да го зголемиме апсорпцискиот капацитет за да се искористат тие пари.

Но со влегување во ЕУ, овие сто милини ќе станат шестотини милини годишно, вели Тилев.

„Тоа е огромен скок. Овие сто милиони би се мултиплицирале за 4 до шест пати, затоа што со членството во ЕУ, би имале пристап до други фондови. На пример кохезиониот фонд го добива секоја држава која има под 90% од БДП од просечниот на ЕУ,  а до структурните фондови имаат пристап сите оние кои имаат под 75 % од просечниот БДП на ЕУ. Тоа значи ние со нашите 39 % БДП имаме огромна зона на користење на тие средства во моментот кога ќе станеме членка на ЕУ. За илустрација  ако денеска добиваме 100, кога би биле члнеки тоа би биле најмалку 600 милиони евра годишно. Се разбира како членка имате обврска и да уплатите во ЕУ буџетот, но нето бенефитот колку би уплатите а колку би добиле е еден према 4“, вели Драган Тилев од СЕП.

Тогаш зошто македонските граѓани да бидат на сила држени во сиромаштија само поради инаетот на една политичка партија или на суетата на нивниот лидер. Не сфатливо е дека наместо Бугарите, ВМРО-ДПМНЕ сака да им ја одзеде европската иднина на македонските граѓани. Тогаш тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ бара  предвремени избори само за да ја легализира оваа нивна заложба и повторно да ја зароби државата.


Извор: Фронтлајн Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: vmro dpmneЕУинтеграција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ