• Latest

Врховниот суд на Хрватска донесе конечна одлука: 55.000 семејства имаат право на обештетување

December 20, 2022
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Врховниот суд на Хрватска донесе конечна одлука: 55.000 семејства имаат право на обештетување

December 20, 2022 17:39
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Врховниот суд на Хрватска пресуди за случајот со швајцарскиот франк. Право на отштета имаат граѓаните кои кредитите од швајцарски франци ги претвориле во евра, одлучи судот.

Тоа е една од најзначајните судски одлуки, која се однесува на најмалку 55 илјади семејства. Првично требаше да биде донесена на 13 декември, па беше одложен за 19 декември, и конечно е оставена за за денеска, 20 декември. На рочиштата на Врховниот суд беа изнесени низа различни, остро спротивставени ставови, објави Индекс.хр.

На седницата беа разгледани три правни толкувања кои требаше да добијат минимум 12 судиски гласови за да бидат усвоени, бидејќи одлуките на седницата на Граѓанскиот оддел се носат со мнозинство гласови од сите судии.

„На 13 и 20 декември 2022 година се одржа седмата (7) седница на Граѓанското одделение на Врховниот суд на Република Хрватска со цел да се донесе правно разбирање за правните ефекти од договорот за конверзија на Договор за кредит од швајцарски франци во евра и правата на потрошувачите.

Седницата е свикана поради различни правни сфаќања изразени во нерешените одлуки на овој суд Рев-1096/2022-2 од 08.11.2022 година, Рев-586/2019-11 од 16.11.2022 година и Рев-639/2019-2. од 15 ноември 2022 година.

Шест гласови на судии: Граѓаните немаат право на поврат на преплатените износи

Првото правно толкување кое гласи:

„Потрошувач кој склучил договор за конверзија на кредит од член 19.с став 1. точка 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за потрошувачко кредитирање („Службен весник“, број 102/15 – во натамошниот текст: ЗИД ЗПК), по склучувањето на тој договор нема право на поврат на повеќе платените суми по основ на неправедни и неважечки договорни одредби за променлива каматна стапка и валутна клаузула, што би претставувало можна разлика меѓу вкупниот износ што би му следувал по основ на ништовноста на наведените одредби до денот на конверзијата и износот што банката го плаќа на потрошувачот земен во предвид при пресметувањето на конверзијата на кредитот согласно член 19.с ЗИД ЗПК“, ги доби гласовите на шест судии на Граѓанскиот оддел.

Десет гласови на судиите: Имаат право на рефундирање доколку постоела разлика на штета на потрошувачот

Второто правно толкување кое гласи:

„Потрошувач кој склучил договор за конверзија на кредитот од член 19.с став 1. точка 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за потрошувачко кредитирање („Службен весник“, број 102/15 – во натамошниот текст: ЗИД ЗПК), по склучување на тој договор има право на поврат на преплатените износи по основ на неправедни и неважечки договорни одредби за променлива каматна стапка и валутна клаузула во случај да постои разлика на штета на потрошувачот меѓу вкупниот износ што би доспеал на него по основ на ништовност на наведените одредби до денот на конверзијата (како и на оние потрошувачи и корисници на кредити во швајцарски франци или кредити во куни со валутна клаузула во швајцарски франци кои не можеле или не извршиле конверзија) и исплатениот износ што банката му го наплатила на потрошувачот при пресметување на конверзија на кредитот согласно член 19.с ЗИД ЗПК“, доби 10 гласа од судиите на Граѓанскиот оддел.

Тринаесет гласа на судиите: Имаат право на исплата на затезна камата на платените износи

Третото правно толкување кое гласи:

„Потрошувач кој склучил договор за конверзија на кредит од член 19.с став 1. точка 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за потрошувачко кредитирање („Службен весник“, број 102/15 – во натамошниот текст: ЗИД ЗПК), по склучување на тој договор, има право согласно општиот пропис од член 1111 став 1 од Законот за обврзни односи („Сл. весник“ бр. 35/05 – во натамошниот текст: ЗОО), на исплата на соодветната затезна камата на повеќе платените износи што банката му ги наплаќала на потрошувачот при пресметка на конверзија на кредитот согласно член 19.с ЗИД ЗПК пресметана согласно член 1115 од ЗОО од денот на секоја поединечна уплата до денот на извршената конверзија“, доби 13 гласа од судиите на Граѓанскиот оддел.

Сите судски одлуки кои се наведени во воведот и кои застапуваат три различни правни толкувања ќе бидат предмет на контрола на Службата за евиденција на судската пракса.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: врховен судкредитиобештетувањепресудаХрватска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ