• Latest

Пендаровски: Предметот Таргет-Тврдина е клучен, ако во него нема дело, нема ништо за тоа што произлезе од него од објавените разговори

December 22, 2022
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Предметот Таргет-Тврдина е клучен, ако во него нема дело, нема ништо за тоа што произлезе од него од објавените разговори

December 22, 2022 21:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски смета дека судскиот предмет Таргет-Тврдина, кој неодамна беше вратен од Апелацискиот суд на повторно судење е клучен и оти ако во него нема дело, нема ништо за тоа што следуваше или произлезе од него односно од објавените разговори.

„Со години траеше процесот. Тоа е клучниот предмет. Може да застари, а сам по себе тој предмет е клучниот. Оттука велиме прво вие сте обвинети за нелегално прислушување. Од тие снимки понатаму излегоа индиции за сите други евентуални кривични дела што се правеле. Значи ако го немаме ова како дело, немаме ништо друго“, изјави Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој вели дека е зачуден од одлуката на Апелација да ја укине пресудата и да го врати предметот на повторно судење во прв степен пред се заради тоа што прво се чувала во тајност извесен период откако била донесена. Дополнително, вели, над 20 илјади луѓе била опфатени со нелегалното прислушување и за тоа имало и сведочења.

Кога некој ќе ми каже не било докажано, а имаше лични искази на луѓето кои биле прислушкувани, на министри кои биле опфатени со тоа преислушување и кои велат да тоа е мојот глас на снимката, рече Пендаровски.

Тој додаде дека се уште не е јасно дали за ваквата одлука е виновен Апелацискиот суд, или некој во основниот суд во прв степен направил процедурални пропусти со цел тие во втор степен да немаат избор освен да ја срушат таа пресуда.

Затоа, според него, добро е што Судскиот совет ќе отвори процедура и ќе види што точно се случувало со овој предмет.

Претседателот Пендаровски смета дека јавноста постојано треба да следи и да бара да се разјасни овој случај. Јавноста, вели, треба да ги прозива сите што носат такви одлуки да ги образложат и јавно за да се види кој бил до словото на законот, а кој имал некакви други  мотиви.

Тој смета дека ниту барањата на јавноста ниту неговиот апел не можат да се сфатат како притисок врз судството, пред се, како што рече, затоа што судењето е завршено во втор степен, но и поради тоа што и доколку почне одново, со ова темпо со кое судиите суделе досега следното судење веројано би почнало  во 2027 година.

Шефот на државата неодамна и на фесјбук реагираше за одлуката на Апелација за Таргет-Тврдина.

„Шокиран сум од одлуката на Апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“. Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата“, напиша Пендаровски.

Апелацискиот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, додека жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна. Одлуката беше објавена на 16 декември.

Судскиот процес започна на 22.12.2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица.

Tags: прислушувањеСтево Пендаровскитаргет-тврдина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ