• Latest
Бранко Тричковски

Македонија е маркичка во новиот урбанистички план на светот

December 24, 2022
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонија е маркичка во новиот урбанистички план на светот

December 24, 2022 18:43
in СЛОБОДНА ЗОНА
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Пред некој ден седев на кафе со еден истакнат дипломат.

Убав муабет си направивме.

За светот и за Македонија.

Најмногу за Македонија во светот и за светот во Македонија.

Се разбира, специјално на фонот на војната во Украина и на геополитичките конвулзии и контракции во кои се крчка композицијата на новиот свет.

Оти овој е расклатен како мост кој секој момент може да се урне.

Во страотната руска агресија, но и други мајстори вадат пилони и копаат по коловозот.

Не ме изненади кога ми рече: Тричко, Македонија е спакувана, ние сме вцртана маркичка во новиот урбанистички план на светот, мала птичка врз грбот на големиот бивол, идеална позиција за ентитети и феномени, еве нека да кажеме и субјекти, какви што сме ние, затоа што во крзното на биволот има многу вошки односно храна богата со протеини. Освен тоа, од грбот на биволот се фрла многу убав поглед. Тој бивол се вика Запад. Тоа значи дека во идејна односно вредносна смисла, нашата позиција е фиксирана. Животната средина ни е зададена. Односно, не е фиксирана позицијата и средината, туку правецот во кој позицијата се движи. Изборот на демократијата во понудата меѓу демократијата и автократијата, изборот на Запад, меѓу понудата на Исток и Запад, изборот на слободата меѓу слободата и стравот. Нашата судбина не е само наше прашање и тоа е добро. Северна Македонија е најдоброто решение за регионалната композиција на мирот и стабилноста во рамките на евроатлантската заедница. Тоа е контекст во кој прашањето на идентитетот може да се смета за решено. Значи, не контекст кој фамозниот идентитет се доведува во прашање, како што тврдат домашните политички трупови, злонамерници и сервисери на путинистичката доктрина за малите нации како хемендекс за големата мечка. Според која брежневљевата доктрина за ограничениот суверенитет беше царство на слободата. Надвор од ова не постои опција прво да се реши идентитетот, па после да се оди во интеграција. Тоа што досега е остварено во врска со идентитетот (јазикот, црквата, геополитичкиот субјективитет низ членството во нато и почетокот на преговорите) е постигнато, имено, во рамките на овие односи, не против нив.

Дали е ова јасно?

Мицко, Коцарев, Владе, Кикифрики?

Тоа е новото ниво на постоењето на Македонија.

Друго не постои.

Апдејтите нѐ извлекуваат од ропството на илинденскиот, па дури и на асномскиот циклус и ни овозможуваат да работиме побргу и во многу подобра резолуција.

Исчистена од историските флеки, заблуди и лаги.

Капацитирани за нови дострели така што енергијата што ја трошевме на пастрмајлијади, митинзи, народни игри и ора, сега ќе ја трошиме на попаметни и попродуктивни работи.

Помалку ќе бидеме Македонци по Гоце, а повеќе по резултатите на полето на културниот натпревар меѓу народите.

Ако се разбираме.

Тоа значи дека битката за власт има смисла и може да биде продуктивна и за кандидатите и за целата држава и за сите граѓани, само во рамките на овој концепт. Не постои друг концепт, односно, ако тој постои во главите на чипираните и други идиоти, во него нема власт, односно нема држава и нема нација.

Нема ништо.

Политичките и партиски разлики можат да се формулираат во рамките на овие координати.

Обидите тоа да се прави надвор од тој концепт не се политика, туку злосторство.

Или се тешка форма на инфантилизам.

ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, а веројатно нема ниту да биде, поради многу причини, но главната причина е обидот по секоја цена да го извади македонскиот воз од овие шини за кои тука зборуваме.  Ситуацијата е шизофрена. Прифаќањето на концептот несомнено ќе ја стабилизира Македонија, политички, правно, геополитички, ќе ја афирмира и протежира демократијата како модел и ќе ги зголеми, многукратно ќе ги зголеми шансите на оваа партија да ја освои власта.

Фактот дека таа тоа не го прави покажува најмалку две работи од кои главната е таа дека примарна цел на вмро-дпмне не е власта, како што се чини на прв поглед, туку слабеење и обесмислување на државата и особено на нацијата. Обезбедување на услови за таков развој на процесите и кога се власт и кога се опозиција. Опозицискиот статус во тој поглед е дури и попредизвикателен. Таа позиција ѝ овозможува да краде бакарни жици од аеродромот и да предизвикува авионски несреќи за кои ќе ја обвинува власта. Тоа е целата политичка филозофија на говњарите. Крадење на бакарни жици од аеродрмската инфраструктура и предизвикување на авионски несреќи.

Хахаха!

Луѓето мислат дека јас претерувам.

И попуштам пред предизвикот на парите што ми ги даваат непријателите на Македонија.

Дека сум платен да мразам сѐ што е македонско.

Извадив една пачка од тие пари, се приклучив на вештачката интелигенција на Гугл и вчера ја добив следнава скица за мал есеј:

Од пред почетокот на светот до денеска, немало национално освестен Македонец и вморон во една личност.

Има Македонци кои се членови или симпатизери на вмро-дпмне, но тие или се немаат освестено себе си како луѓе и национални битија, или го немаат освестено вмрото.

Според тоа, ако сте во таа партија или вртите крукчиња околу неа, најдобро за вас и за вашите најблиски е да појдете на доктор. Тој ќе ви направи скенови и други анализи кои ќе ви покажат за кај сте, за внатре или за надвор. Мислам во однос на злосторничката инсталација на путинофилите, радевистите, каракачановистите и на други такви исти кои се против Македонија повеќе отколку што е Владимир Владимирович против Украина и против нормалниот свет.

Во Клиниката „Тричковски“ можете да закажете на телефон 071331026.

Прием на нови пациенти се врши секој ден од 10 до 16 часот.

Но, не, ние сѐ уште одбиваме да одиме на идентификација на злото. Македонија го третира вмро како историска основа и современа политичка алтернатива. Таа го разбира вмрото подобро и поповолно отколку што тоа се разбира самото себе. Вмро-дпмне, имено, не се разбира себе си како политичка алтернатива во рамките на демократскиот процес, туку како претендент на комплетната вистина и судбина на Макединија. Тие ја разбираат Македонија како што Путин ја разбира Украина. Само што крстаречките ракети на нашето зло доаѓаат од медиумите. И експлодираат. Уриваат системи, а од луѓето прават идиоти. Такво  им е полнењето. Во меѓувреме на луѓето им е понудена власта како причина за нивните несреќи. И тие трчаат по власта како кучиња по коска. На крајот на трката ќе добијат курац. Мислам луѓето, не кучињата. Ако не ја сменат перспективата и ако не излезат од лажниот свет во кој се набутани.

Маркичката за која зборувавме со димпломатот дава гаранции за државата, но претпоставува минимално ниво на нормалност.

Јас сум оптимист.

Мислам дека болеста ќе ја совладаме.

Самите.

Добро, со помош на американските противглупердни системи „Патриот“ и со европските интегративни, ментални, културни и финансиски озонери.

Нормалниот дел на Македонија ќе ги зарази со својата нормалност болните од вмро.

Ќе им ги покаже предностите на здравиот живот.

Можеби ќе реагираат на скицата на хегеловската дедукција на монархијата во која ако на местото на наследниот владетел се стави вмро ќе се препознае драмата на Македонија.

„Во моментот кога општественото здание ја постигнува целосната рационалност на совршено организираната држава-рационалност за која се плаќа со нужноста од нејзиното дополнување – се става на нејзиното чело потполно ирационалниот елемент на наследниот владетел кој непосредно, во својата природа (т.е. благодарение на своето биолошко потекло) е тоа што е во културата, во смисла на својот симболички наслов.“

Низ целата транзиција ние сме пред предизвикот да ја усереме „целосната рационалност на совршено организираната држава“, со инсталација на наследниот владетел кој тука се вика вмро.

И ја усеруваме.

Да, да, сите партии се виновни и луѓето се виновни, нема кој не е виновен, но една е каптажата на злото и небиднината.

Сите се криви е алибичен и кукавички, во крајна линија и опасен дискурс.

Добро, ќе речете дека нашата држава е далеку од совршено организиран субјект. Се разбира, се разбира, но тие проблеми не се и никогаш не можат да бидат препорака да излеземе од демократскиот систем и да му се предадеме на лудачкиот тоталитаризам на просташтвото, глупоста и некултурата, на претворањето на Македонците во овци кои ќе ги носат на молзење во туѓо трло.

Ивор: FRONTLINE


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: вморонидемократијаЗападслобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ