• Latest

Mуратов: Да немаме смешни моменти како таа Мијалков да не можат да го донесат во судница поради датумот

January 11, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Mуратов: Да немаме смешни моменти како таа Мијалков да не можат да го донесат во судница поради датумот

January 11, 2023 10:30
in ДЕЗИНФО, МЕДИУМИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Имавме турбулентна 2022 година, не само на полето на дезинформации туку воопшто во целокупниот живот. Токму затоа јас би спомнал само неколку примери за да го освежиме сеќавањето на граѓаните со што се соочувавме цела година за да не ни се повторуваат и во 2023 година“, рече Дехран Муратов од ЦИВИЛ, меѓу другото, говорејќи за дезинформациите и пропагандата на годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ „Перспективи 2023“.

Тој потсети на настаните поврзани со студентските протести и вмешувањето на политиката.

„Политичките партии, особено опозицијата, па и Левица се обиде политички да профитира да ги преземе всушност овие протести под свое и да се претстави како заштитник на студентите. Сепак овој обид беше неуспешен, многу брзо беа послушани правата на студентите од страна на власта и беа остварени правата кои ги бараат“, вели Муратов.

Според него дезинформација која ја одбележа 2022 година е популарната изјава на премиерот Димитар Ковачевски, „Секој може да има по две жени“, што во овој момент можеби изгледа смешно.

„Ова беше кромид-информација која се прошири по медиумите, а граѓаните и денес, иако знаат дека е лажна вест, сепак си ја споменуваат, но тоа е и главниот проблем со лажните информации, остануваат долго во меморијата на луѓето и потешко може да се заборават“, вели Муратов.

Тој потсети и на протестите за францускиот предлог кои беа предводени од Левица и ВМРО-ДПМНЕ, а пред сè однесувањето на Левица кога Урсула фон дер Лајен беше во Собранието, а тие пробуваа да го пригушат целиот нејзин говор и постојано повторуваа дека Македонија ќе го загуби идентитетот, јазикот итн, а за идентитетот се докажа дека не се ни преговара.

Граѓаните да не посакуваат Груевски да се врати на бел коњ

Според Муратов , една од главните „Перспективи за 2023 година“ е граѓаните да почнат да размислуваат слободно и да не посакуваат Груевски да се врати во Македонија на бел коњ, туку да сакаат слобода и демократија.

„Тоа е она што е за жал со последната анкета на ИРИ видовме дека граѓаните сакаат цврста рака, а особено оние пропагандистите кои се љубители на политиката на Путин сакаат и тоа да го донесат во нашата држава, а јас би сакал да се ослободиме и да живееме во слобода мир и добрососедство, не само во Македонија, туку и во околината“, рече Муратов.

Тој се навраќа и на национализмот, поточно на бугарските клубови во Северна Македонија, за кои уште немаме информации каква ќе биде нивната иднина, додека пак контра на тоа ние отваравме клубови во Бугарија.

-Сепак и славата на отворањето на клубот во Бугарија ја украде Апасиев што го заплени усб-то од каде се пушташе музика. Тоа беше толку лош пр , но ете помина кај јавноста дека Апасиев е јунакот во тие протести, вели тој.

Муратов додава дека покрај војната во Украина исто така сериозен е бунтот на жените во Иран кои издејствуваа да имаат слобода на избор дали ќе носат марами, а тоа е историски момент кој ќе остане запаметено во измината година.

Субвенциите за студентите и учениците да продолжат и во 2023

-Ние имаме судски процеси против луѓето кои протестираа, но немаме одговорност за оне кои ги „хушкаа“ односно ги наведуваа да палат да кршат и да прават инциденти. Односно ги потпалуваа дека Македонија ќе го загуби идентитетот јазикот итн, а нели за идентитет не се преговара.

Тој вели дека во Перспективите за 2023 година гледа дека граѓаните ќе почнат да размислуваат слободно и нема да сакаат Груевски да се врати во Македонија на бел коњ и ќе сакаат цврста рака, туку ќе сакаат слобода и демократија.

-Тоа е она што за жал го покажува последната анкета на ИРИ, ние сакаме цврста рака и особено оние пропагандистите кои се љубители на политиката на Путин сакаат и тоа да го донесат во нашата држава, а јас би сакал да се ослободиме и да живееме во слобода мир и добрососедство, не само во Македонија, туку и во околината.Она што би сакал да напоменам е дека конечно во 2023 студентите да имаат нормални услови за студирање, да имаат нормални студентски зборови и да не е успех да имаат нормални тоаелти, тоа да не зборуваме дека е успех и да има топла вода и да не се затруе со храна, туку тоа да се подразбира дека е нормалност, додава Муратов.

Според него субвенциите нека продолжат и во 2023 година и за средношколците и за основците, бидејќи имаме родители кои не можат да им обезбедат некои услови.

Екологијата да не остане на кеси од 15 денари

-Екологијата да не остане дека со ќеси од 15 денари ќе ги заштитиме воздухот и водата, туку да почнеме да го чистиме дворот кај себе. Јас бев засрамен како јапонските навивачи по фудбалскиот натпревар застанале и го исчистиле своето ѓубре и покажаа дека во 21 век сепак постои една повисока свест, за кое денес не треба и да зборуваме дека секој треба да го собере ѓубрето и да го фрли во канта, а не да го оставиш кај што ти е најблиску, вели тој.

Муратов порачува во 2023 да има бесплатно јавно здравство, ама навистина бесплатно и смс пораките за помош да бидат што е можно поминимални.

-Правдата конечно да профункционира и да немаме и смешни моменти каде Мијалков не можат да го донесат од судница затоа што судот го утнал датумот, па затворот не знаел кога, а ова токму младите ги иритира да извадат карта во еден правец, а тоа не би ги сакале, вклучувајќи ме и мене да речам, доволно е решив еве надвор да одам.И на крај би завршил со дезинформациите со кои за жал се помалку медиуми работат за да ги разобличуваат тие дезинформации да им ја разобличуваат вистината, би сакал во 2023 медиумите да имаат факт чекери и секоја информација да е проверена, да имаме помалку лажни вести а граѓаните да бидат медиумски описменети.

Соња Танеска

Фотографија, камера и видео монтажа: Ариан Мехмети и Александар Ризински


Перспективи 2023 се состоеше од шест панели со повеќе од десет учесници кои се емитуваа во живо на Јутуб видео каналот и на ФБ страницата на Цивил.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГруевскиМијалковстудентиУченици
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

Следете нè

No Result
View All Result