• Latest
БРИТАНСКИ СТУДЕНТ Фатмир Бесими е лондонски студент и тој се држи до западните модели за борба против инфлацијата

Бесими: Фискалната консолидација дава резултати во намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг

January 10, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Фискалната консолидација дава резултати во намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг

January 10, 2023 14:06
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
БРИТАНСКИ СТУДЕНТ Фатмир Бесими е лондонски студент и тој се држи до западните модели за борба против инфлацијата

БРИТАНСКИ СТУДЕНТ Фатмир Бесими е лондонски студент и тој се држи до западните модели за борба против инфлацијата

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија спроведува здрави политики кои дадоа соодветен одговор на кризата и поставуваат основа за натамошен долгорочен развој. Водиме претпазлива фискална политика, која ја штити стабилноста на јавните финансии и посветено работиме на намалување на буџетскиот дефицит, кој годинава е проектиран на ниво од 4,6 отсто од БДП, а наредната треба да се спушти на ниво од 3,4 отсто од БДП.

Ова, како што соопшти Министерството за финансии, го порачал министерот Фатмир Бесими на Форумот на Централна и Источна Европа на Еуромани, што се одржува во Виена, Австрија.

-За политиките што ги спроведуваме земјата доби потврда и од ММФ со можноста за пристап до средства од Програмата за ликвидност и претпазливост (ПЛЛ). Претпазливата фискална политика што ја спроведуваме ја заштити стабилноста на јавните финансии. Посветени сме на намалување на буџетскиот дефицит, кој оваа година треба да се намали на ниво од 4,6 отсто од БДП и во следната дополнително да се намали на ниво од 3,4 отсто од БДП. Фискалната консолидација ќе се постигне преку мерки и на приходната и на расходната страна. Посветено работиме на приходната страна преку даночната реформа, а на расходната страна  преку се потаргетирана поддршка. Дополнителен придонес во оваа реформска агенда е донесениот нов Закон за буџети кој дава среднорочна фискална рамка, со дефинирање на нивото на дефицитот и јавниот долг како оние во ЕУ.  Клучно е дека нашата претпазлива фискална политика ќе оди заедно со зголемување на јавните инвестиции, истакнал министерот Бесими.

Тој додал дека во минатата година за да се одговори на шоковите што ги предизвика енергетската и ценовната криза, државата требаше да обезбеди 300 милиони евра. За тоа, како што посочи, биле  побарани средства од ММФ преку ПЛЛ програмата  и други инструменти кои беа со поповолни услови отколку да се издадеше еврообврзница. -Ги следиме состојбите на пазарите на капитал. Во годината што е пред нас треба да обезбедиме 800 милиони евра надворешно финансирање, од кои 450 милиони евра се за враќање на еврообрзницата која достасува за отплата во јули 2023 година. Осумдесет милиони евра буџетска поддршка се очекуваат во текот на овој месец од ЕУ за да се ублажи влијанието од енергетската криза, се разговара за евентуална макрофинансиска помош од ЕУ и поддршка од Светска банка преку програмите за развојни политики, нагласил Бесими.

-Нашите активности се фокусираат на заштита на јавните финансии, обезбедување здрави јавни инвестиции, подобрување на енергетските политики, справување со високата инфлација и поддршка на финансиската стабилност. Покрај поддршката  од ММФ преку ПЛЛ инструментот, активностите што се планирани ќе постават основа за одржлив долгорочен раст по кризата, рекол министерот за финансии.

Тој потенцира дека структурните реформи за поттикнување на долгорочниот раст остануваат високо на нашата агенда и  дека ќе се направат напори за зајакнување на образованието и активните политики на пазарот на трудот,  зголемувањето на минималната плата и продуктивноста, како и економските реформи што ќе следат и се поврзани од започнатите пристапни преговори со ЕУ.

Министерот се осврнал и на поддршката што земјата ја дава за привлекување странски инвестиции, како и поддршката на домашните компании за зајакнување на конкурентноста, иновативноста и технолошкиот развој со цел тие да се приклучат на синџирите на снабдување на странските компании што се пристуни во земјата.

Министерот потенцирал дека и покрај глобалните предизвици кои значително ја погодија домашната економија, странските директни инвестиции остануваат на солидно ниво. Така за првите девет месеци од 2022 година тие достигнаа над 520 милиони евра. Тоа, според министерот, е потврда дека нашата земја останува атрактивна локација за инвестирање и во време на криза.

Неизбежна тема на конференцијата била и инфлацијата, како глобален проблем, со кој се соочуваат сите земји, вклучително и нашата. Министерот ги претстави мерките што ги презема земјата за справување со овој предизвик и соопшти дека во последните месеци од 2022 година инфлацијата постепено се стабилизра и има тренд на намалување.

На Форумот на Еуромани учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на финансиски институции инвеститори кои дискутираат за актуелни прашања поврзани со финансиските пазари и економиите во Централна и Источна Европа. Форумот е можност за средби помеѓу претставниците на економските политики, инвеститорите и економистите заинтересирани за овој регион.

Tags: БДПБесимиЕуроманиММФФатмир Бесими
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ