• Latest

Драга Данела, ајде утре да се возиме со „двојка“

January 11, 2023

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Драга Данела, ајде утре да се возиме со „двојка“

January 11, 2023 09:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА ТАНЕСКА

Два дена по ред одам со автобус на работа и за тие два дена потрошив дури четири часа чекање на “автобуска” и уште по цел час возење до дома.

За тие што не се качиле во јавен превоз, Возниот ред не функционира, прашуваш во што е проблемот, возачот ти вели: „А, тоа џабе го гледате, немаме доволно возачи и автобусите се канти“.

Тука веќе немаш ни желба да се караш…

По еден час чекање се појавува црвен „двокатен“ и ти дава надеж. Искривен е и преполн, ама си велиш, ајде, којзнае следниот кога ќе дојде.

Влегуваш и не можеш, а да не размислуваш додека влегуваш на вратата стискајќи се во гужвата, за да не те собере вратата кога ќе се затвори.

Има три пати повеќе патници од дозволеното, возачот стандардно вози тргни-застани.

Изненадена од тишината, си велиш, сите се уморни, подобро е и да молчат.

Само кивање и кашлање се слуша, пола од нив ќе се разболат по ова возење и ти текнува дека уште има ковид и ја вадиш маската од ташна и ја ставаш за секој случај.

Повеќето се со слушалките на уши и гледаат во една точка. Веројатно не сакаат да се соочат со реалноста па ја игнорираат со музика. Па и ти исто. А може и да му текне на возачот „Зона М“ радио да пушти.

Застанува автобусот и се надеваш дека некој ќе слезе, ама тешко. Влегуваат уште тројца. Не те ни нервираат, да имаат избор ќе чекаат.

Сега веќе почнуваш да се нервираш, ти текнува дека вакви гужви има само во земји од третиот свет, ама тоа не е утеха.

Некако мачно ти станува, па ја мислиш градоначалничката, зошто мора да нѐ убедува дека има редовни автобуси, дали сме ние толку незначајни за да стигнеме на работа или дома на време?

Или треба да се тешиме дека странците чекаат 5 минути превоз, ама патуваат по 2 часа до дома, па некако исто е.

Тука се чувствуваш уште понервозно.

И веднаш сликата ти е пред очи кога еднаш, во едно време, Данела се качи во организиран јавен превоз, ама сепак по тоа возење рече дека преферирала автомобил поради здравствени проблеми.

Е, па, Градоначалничке, денеска немаше место да влезе човек со количка. Ајде ќе речеме дека можел некој да е солидарен, да слезе. Ама тоа не е задолжително, луѓето имале своја причина можеби, за разлика од тие што трошат наши пари чија задача е грижата за граѓаните кои воопшто не мислат на реалните проблеми, а се сликаат со луѓето со хендикеп и објавуваат на фејсбук.

Е тука воздивнуваш и си викаш што правам уште овде, во градов, во земјава?

Ти ја прекинува мислата турканицата за некој да излезе, па гласното „мајсторе“ во хор, оти возачот не гледа дека некој сака да излезе, па нагло кочи.

Е нема подолно!

А се рекламираат по светот како се возат со нискобуџетни авиони, метроа и одат пешки. Ама во странство е тоа.

Уште никој политичар не се качил, ама вистински, за да го доживее ова фамозно возење во „двојка“.

И конечно, по 50 минути, стигнуваш на дестинацијата од 7 километри оти голем е градов. Градиште!

A, заборавив. На симнување од автобусот за малку ти ја промашува ногата една будала што вози по тротоар бидејќи не му текнало на нас патниците што слегуваат.

Па така, по сите парадокси и понижувања се тешиш себе со „Добро е не загинав“.

Тоа е генерално превозот на ЈСП откако знам за себе. Данела ги уби сите надежи дека ќе се подобри превозот, ако стане бесплатен може и по еден ќе вози дневно. Тука сѐ е можно, си знаеме.

Можат луѓето да поднесат секакви понижувања, незаслужено.

Моја Драга Градоначалничке, ајде еден ден да се возиме заедно во „двојка“, од Партизанска до работа можеш и пешки.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: автобусиГрад СкопјеДанела АрсовскаЈСП
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ