• Latest

Драга Данела, ајде утре да се возиме со „двојка“

January 11, 2023
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Драга Данела, ајде утре да се возиме со „двојка“

January 11, 2023 09:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА ТАНЕСКА

Два дена по ред одам со автобус на работа и за тие два дена потрошив дури четири часа чекање на “автобуска” и уште по цел час возење до дома.

За тие што не се качиле во јавен превоз, Возниот ред не функционира, прашуваш во што е проблемот, возачот ти вели: „А, тоа џабе го гледате, немаме доволно возачи и автобусите се канти“.

Тука веќе немаш ни желба да се караш…

По еден час чекање се појавува црвен „двокатен“ и ти дава надеж. Искривен е и преполн, ама си велиш, ајде, којзнае следниот кога ќе дојде.

Влегуваш и не можеш, а да не размислуваш додека влегуваш на вратата стискајќи се во гужвата, за да не те собере вратата кога ќе се затвори.

Има три пати повеќе патници од дозволеното, возачот стандардно вози тргни-застани.

Изненадена од тишината, си велиш, сите се уморни, подобро е и да молчат.

Само кивање и кашлање се слуша, пола од нив ќе се разболат по ова возење и ти текнува дека уште има ковид и ја вадиш маската од ташна и ја ставаш за секој случај.

Повеќето се со слушалките на уши и гледаат во една точка. Веројатно не сакаат да се соочат со реалноста па ја игнорираат со музика. Па и ти исто. А може и да му текне на возачот „Зона М“ радио да пушти.

Застанува автобусот и се надеваш дека некој ќе слезе, ама тешко. Влегуваат уште тројца. Не те ни нервираат, да имаат избор ќе чекаат.

Сега веќе почнуваш да се нервираш, ти текнува дека вакви гужви има само во земји од третиот свет, ама тоа не е утеха.

Некако мачно ти станува, па ја мислиш градоначалничката, зошто мора да нѐ убедува дека има редовни автобуси, дали сме ние толку незначајни за да стигнеме на работа или дома на време?

Или треба да се тешиме дека странците чекаат 5 минути превоз, ама патуваат по 2 часа до дома, па некако исто е.

Тука се чувствуваш уште понервозно.

И веднаш сликата ти е пред очи кога еднаш, во едно време, Данела се качи во организиран јавен превоз, ама сепак по тоа возење рече дека преферирала автомобил поради здравствени проблеми.

Е, па, Градоначалничке, денеска немаше место да влезе човек со количка. Ајде ќе речеме дека можел некој да е солидарен, да слезе. Ама тоа не е задолжително, луѓето имале своја причина можеби, за разлика од тие што трошат наши пари чија задача е грижата за граѓаните кои воопшто не мислат на реалните проблеми, а се сликаат со луѓето со хендикеп и објавуваат на фејсбук.

Е тука воздивнуваш и си викаш што правам уште овде, во градов, во земјава?

Ти ја прекинува мислата турканицата за некој да излезе, па гласното „мајсторе“ во хор, оти возачот не гледа дека некој сака да излезе, па нагло кочи.

Е нема подолно!

А се рекламираат по светот како се возат со нискобуџетни авиони, метроа и одат пешки. Ама во странство е тоа.

Уште никој политичар не се качил, ама вистински, за да го доживее ова фамозно возење во „двојка“.

И конечно, по 50 минути, стигнуваш на дестинацијата од 7 километри оти голем е градов. Градиште!

A, заборавив. На симнување од автобусот за малку ти ја промашува ногата една будала што вози по тротоар бидејќи не му текнало на нас патниците што слегуваат.

Па така, по сите парадокси и понижувања се тешиш себе со „Добро е не загинав“.

Тоа е генерално превозот на ЈСП откако знам за себе. Данела ги уби сите надежи дека ќе се подобри превозот, ако стане бесплатен може и по еден ќе вози дневно. Тука сѐ е можно, си знаеме.

Можат луѓето да поднесат секакви понижувања, незаслужено.

Моја Драга Градоначалничке, ајде еден ден да се возиме заедно во „двојка“, од Партизанска до работа можеш и пешки.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: автобусиГрад СкопјеДанела АрсовскаЈСП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ