• Latest
Фото/ Македонскиот премиер Димитар Ковачевски со високиот американски дипломат Дерек Шолет

Шоле: Сеопфатен договор, фокусиран на меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија

January 12, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Шоле: Сеопфатен договор, фокусиран на меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија

January 12, 2023 17:18
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Фото/ Македонскиот премиер Димитар Ковачевски со високиот американски дипломат Дерек Шолет

Фото/ Македонскиот премиер Димитар Ковачевски со високиот американски дипломат Дерек Шолет

Share on FacebookShare on Twitter

Високиот советник на Стејт департментот на САД, Дерек Шоле, по посетата во Северна Македонија каде  се сретна македонскиот премиер Димитар Ковачевски, во која што беше констатирано Стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД, вчера престојуваше во Косово, при што се сретна со косовскиот државниот врв и со лидерите на опозициските партии на ова земја. По посетата во Приштина ќе оди во Белград на средба со српското раководство. Се разговара за широка палета на теми, од енергија до дијалогот меѓу Приштина и Белград, според најавите од Стејт департментот.

Шоле, по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, истакна дека Косово мора да ги исполни сите обврски во рамките на дијалогот, вклучително и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство.

Во оваа насока, тој рече дека очекуваат конкретни предлози од Владата на Косово.

„Веруваме дека се наоѓаме во критичен момент. Сметаме дека Косово и Србија треба итно да се вклучат во дијалогот што го води Европската унија, која работи на сеопфатен договор за нормализирање на односите фокусиран на взаемно признавање“, рече тој, пренесува косовскиот telegrafi.com

Според него, дијалогот е најдобрата алатка за Косово да ја обезбеди својата целосна европска и евроатлантска иднина.

Тој понатаму нагласи дека САД сакаат да ја трошат својата дипломатска енергија на работа кон евроатлантската иднина на Косово и дека би сакале да трошат помалку енергија за управување со кризи.

Шолет рече и дека нивната порака до Белград е да нема провокативни дејствија и да се работи на деескалација на ситуацијата.

Американскиот функционер додаде дека односите на САД со Косово „и понатаму се многу силни“ и дека нивната визија за земјата е „мултиетничко, независно, суверено, безбедно и демократско Косово“, додавајќи дека се за целосна интеграција на земјата во европските и евроатланските структури“.

Во меѓувреме, во соопштението од Кабинетот на претседателката Османи се наведува дека зголемената посветеност на САД во дијалогот со Србија е клучна за да се обезбеди успешен резултат за доброто на граѓаните на Косово.

Османи го повтори ставот дека конечниот договор со Србија треба да се заснова на взаемно признавање.

„Косово е подготвено да продолжи, со целосна посветеност, да биде конструктивна страна, координирана со САД, давајќи предлози кои придонесуваат за постигнување на таков договор“, рече Османи.

Шоле и Османи, како што соопштија од косовското претседателство, разговарале и за случувањата во регионот и во светот и таа рече дека „со поддршка на Русија, Србија продолжува да биде дестабилизирачка сила и закана за одржливиот мир во регионот“.

Американскиот советник по средбата со Османи се сретна и со косовскиот премиерот Албин Курти.

Од кабинетот на косовкиот премиер соопштија дека на оваа средба се разговарало за процесот на дијалог, европскиот план и односите меѓу Косово и Србија.

Фото: Косовскиот премиер Албин Курти со американскиот висок дипломат Дерек Шоле

Беше нагласена потребата „од активен и конструктивен ангажман во дијалогот и за интензивирање на напорите за целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија со взаемно признавање во центарот“, се наведува во соопштението.

Шоле се сретна и со претставниците на опозициските партии и на Српската листа.

На оваа средба, Шоле беше придружуван од амбасадорот на САД во Косово Џефри Ховениер, заменик-помошникот државен секретар, Габриел Ескобар, заменик-помошникот секретар за одбрана, Спенсер Бојер, како и други претставници на Стејт департментот и американската амбасада.

Informative meeting with Srpska List members. Valuable to hear the concerns of all communities in Kosovo. Need Kosovan Serbs in Kosovan institutions. We continue to emphasize the importance of an ASM consistent with Kosovo’s Constitution. pic.twitter.com/JcwbIffOHz

— Derek Chollet (@CounselorDOS) January 11, 2023

Назми Абдурахмани

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Албин КуртиВјоса ОсманиДерек ШолетДимитар Ковачевски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result