Високиот советник на Стејт департментот на САД, Дерек Шоле, по посетата во Северна Македонија каде се сретна македонскиот премиер Димитар Ковачевски, во која што беше констатирано Стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД, вчера престојуваше во Косово, при што се сретна со косовскиот државниот врв и со лидерите на опозициските партии на ова земја. По посетата во Приштина ќе оди во Белград на средба со српското раководство. Се разговара за широка палета на теми, од енергија до дијалогот меѓу Приштина и Белград, според најавите од Стејт департментот.
Шоле, по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, истакна дека Косово мора да ги исполни сите обврски во рамките на дијалогот, вклучително и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство.
Во оваа насока, тој рече дека очекуваат конкретни предлози од Владата на Косово.
„Веруваме дека се наоѓаме во критичен момент. Сметаме дека Косово и Србија треба итно да се вклучат во дијалогот што го води Европската унија, која работи на сеопфатен договор за нормализирање на односите фокусиран на взаемно признавање“, рече тој, пренесува косовскиот telegrafi.com
Според него, дијалогот е најдобрата алатка за Косово да ја обезбеди својата целосна европска и евроатлантска иднина.
Тој понатаму нагласи дека САД сакаат да ја трошат својата дипломатска енергија на работа кон евроатлантската иднина на Косово и дека би сакале да трошат помалку енергија за управување со кризи.
Шолет рече и дека нивната порака до Белград е да нема провокативни дејствија и да се работи на деескалација на ситуацијата.
Американскиот функционер додаде дека односите на САД со Косово „и понатаму се многу силни“ и дека нивната визија за земјата е „мултиетничко, независно, суверено, безбедно и демократско Косово“, додавајќи дека се за целосна интеграција на земјата во европските и евроатланските структури“.
Во меѓувреме, во соопштението од Кабинетот на претседателката Османи се наведува дека зголемената посветеност на САД во дијалогот со Србија е клучна за да се обезбеди успешен резултат за доброто на граѓаните на Косово.
Османи го повтори ставот дека конечниот договор со Србија треба да се заснова на взаемно признавање.
„Косово е подготвено да продолжи, со целосна посветеност, да биде конструктивна страна, координирана со САД, давајќи предлози кои придонесуваат за постигнување на таков договор“, рече Османи.
Шоле и Османи, како што соопштија од косовското претседателство, разговарале и за случувањата во регионот и во светот и таа рече дека „со поддршка на Русија, Србија продолжува да биде дестабилизирачка сила и закана за одржливиот мир во регионот“.
Американскиот советник по средбата со Османи се сретна и со косовскиот премиерот Албин Курти.
Од кабинетот на косовкиот премиер соопштија дека на оваа средба се разговарало за процесот на дијалог, европскиот план и односите меѓу Косово и Србија.
Беше нагласена потребата „од активен и конструктивен ангажман во дијалогот и за интензивирање на напорите за целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија со взаемно признавање во центарот“, се наведува во соопштението.
Шоле се сретна и со претставниците на опозициските партии и на Српската листа.
На оваа средба, Шоле беше придружуван од амбасадорот на САД во Косово Џефри Ховениер, заменик-помошникот државен секретар, Габриел Ескобар, заменик-помошникот секретар за одбрана, Спенсер Бојер, како и други претставници на Стејт департментот и американската амбасада.
Informative meeting with Srpska List members. Valuable to hear the concerns of all communities in Kosovo. Need Kosovan Serbs in Kosovan institutions. We continue to emphasize the importance of an ASM consistent with Kosovo’s Constitution. pic.twitter.com/JcwbIffOHz
— Derek Chollet (@CounselorDOS) January 11, 2023
Назми Абдурахмани