• Latest

Ковачевски-Шоле: Стратешкото партнерство никогаш посилно, во првата половина од 2023 втор состанок од стратешкиот дијалог

January 11, 2023

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски-Шоле: Стратешкото партнерство никогаш посилно, во првата половина од 2023 втор состанок од стратешкиот дијалог

January 11, 2023 16:01
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД е силна поддршка за натамошниот напредок на државата и за сите важни процеси за нејзината демократска иднина и за унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните, констатирано е на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Бликнен.

На средбата на која, како што соопштија од владината прес-служба, присуствувале и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и министрите за надворешни работи, Бујар Османи, за одбрана, Славјанка Петровска, за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за економија, Крешник Бектеши како и заменикот шеф на Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер и претставници од Амбасадата, оценето е дека традиционалното, искрено и долгогодишно пријателство со САД има големо значење во развојот на демократските, реформските и интеграциските процеси на Република Северна Македонија.

На средбата, се посочува, е разговарано за актуелни прашања од значење за евроинтеграциите на државава, за справувањето со економско-енергетската криза, за ситуацијата во регионален контекст. Во таа насока е потенцирана јасната поддршка од САД за напредокот во евроинтеграциите на Република Северна Македонија, како прашање од значење и за европските перспективи, стабилноста и безбедноста и во регионот, што се покажа посебно неопходно, по војната во Украина.

Премиерот Ковачевски, се додава, се заблагодари за големото пријателство и стратешко партнерство со САД, во билатералните односи и во рамки на НАТО Алијансата.

-Претседателот на Владата, Ковачевски оцени дека ова е многу важен состанок, со значаен претставник од САД, на којшто има можност да се поразговара за најактуелните теми коишто се однесуваат на задржувањето на реформскиот курс на државата и на потребните одлуки што треба да се донесат во текот на 2023, со цел Северна Македонија непречено да ги продолжи преговорите со ЕУ. Во таа насока премиерот Ковачевски ја посочи потребната конструктивност во Парламентот за усвојувањето на уставни измени, со цел придвижување на европскиот пат, стои во соопштението.

На средбата премиерот Ковачевски го посочи и значењето на постојаната соработка што ја има Северна Македонија со САД во борбата против корупцијата и владеењето на правото, со цел да се унапреди владеењето на правото и да се засили борбата против корупцијата.

Како една од темите беше истакнато претседавањето на нашата држава со ОБСЕ, при што премиерот Ковачевски посочи на подготовките на министерот Османи за презентација на приоритетите на македонското претседателство со ОБСЕ во текот на наредните денови во Виена.

Посебно внимание беше посветено на делот околу справувањето со енергетската криза, на што Владата е силно посветена, а има поддршка и од нашите партнери од САД.

По состанокот, којшто помина во исклучително позитивна атмосфера договорен е нов состанок во делот на стратешкиот дијалог што го има Република Северна Македонија со САД, што е предвидено да се случи во првата половина на оваа 2023 година, стои во соопштението

 

Tags: Дерек ШолеДимитар КовачевскиОБСЕСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ