• Latest

Перспективи 2023: Дерала со оценка за светските и домашните политички случувања, Танеска за економските мерки

January 13, 2023

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Перспективи 2023: Дерала со оценка за светските и домашните политички случувања, Танеска за економските мерки

January 13, 2023 15:55
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Светот не бил соочен со вакви тешки предизвици со децении наназад како што беше во 2022 година. Нашата држава во 2022 година влезе со предизвиците од локалните избори кои се одржаа во 2021 и кои предизвикаа политичка турбуленција, односно се случи преседан, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднесе оставка од двете позиции и на негово место дојде Димитар Ковачевски, рече Џабир Дерала од ЦИВИЛ, говорејќи за дезинформациите и пропагандата на годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ „Перспективи 2023“.

„Руската брутална агресија врз Украина ја одбележа 2022 година. Тоа не беше удар само врз територијалниот интегритет врз Украина, туку тоа беше удар врз целиот слободен свет. Нашата држава се соочи со хибридни и сајбер војни, последен пример е со заканите со бомби во училиштата.

Позитивно за нашата држава е тоа што конечно ги започнавме преговорите со Европската унија, по 17 години чекање, и покрај тоа што имавме насилни и антиевропски протести за неприфаќање на европскиот предлог. Тие антизапани протести, за жал, беа поддржани од интелектуалци, политичари, професори и невладини организации кои се финансирани од запад, а одеа против западот“, вели Дерала.

Во 2023 година Дерала очекува дека Путин ќе ја изгуби војната, односно војната ќе се приближи до Кремељ и ќе му ја разниши позицијата.

„Очекувам дека хибридната војна ќе се засили и ќе стане секојдневие. Исто така и сајбер војните ќе се засилат. Очекувам дека ќе има стагнација во борбата против климатските промени и сиромаштијата. Во нашата држава очекувам да се засили радикализацијата, односно антизападната кампања“, додаде Дерала.

Но, и покрај тешките предизвици, Дерала очекува дека граѓаните сепак ќе го изберат европскиот пат.

Новинарката Соња Танеска од ЦИВИЛ вели дека политиката и економијата се постојано поврзани, бидејќи економските движења зависат од политичките состојби, дали во државата, дали во светот. Според неа, голем предизвик беше војната во Украина затоа што не само Македонија туку и целиот свет закрепнуваше од корона вирус кризата, каде што владите потрошија многу средства за да ги помогнат економиите.

Танеска вели дека во 2023 година не може да очекува 100% сигурност. Глобалната слика за економијата е дека се очекува стабилизација, но по завршувањето на војната на Русија врз Украина.

„Сега веќе нема толкава завосност од енергенсите. Покрај две големи кризи и добро е да има стабилизиција негде во септември, но не мора да значи дека стабилизацијата може да биде и подоцна. Тоа би значело дека ќе се намалат цените, инфлацијата ќе се намали до 7 проценти, тоа се и проекциите на Народна банка и проекциите на Буџетот.

Буџетот е изгласан и голем дел од преоектите се во согласност со препораките од ЕУ, односно ќе се користи за ранливите категории. Приоритет им се дава на малите претпријатија коишто исто така треба да закрепнат од оваа криза за да не отпуштаат вработени“, вели таа.

Очекувањата на Танеска се дека и 2023 година ќе биде тешка со големи предизвици цитирајќи го проф. Ванчо Узунов кој вели „во вакви кризни времиња секогаш е добро да се штеди“, односно ние како народ треба да научиме да штедиме.

Дехран Муратов

Фотографија, камера и видео монтажа: Ариан Мехмети и Александар Ризински

Перспективи 2023 се состоеше од шест панели со повеќе од десет учесници кои се емитуваа во живо на Јутуб видео каналот и на ФБ страницата на Цивил.


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ