• Latest
Фото: Укринформ

Status quo, позиционирање за преговори и проширување на конфликтот како можно сценарио за текот на војната во Украина во 2023 година

January 16, 2023

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Status quo, позиционирање за преговори и проширување на конфликтот како можно сценарио за текот на војната во Украина во 2023 година

January 16, 2023 13:38
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Според анализата на Цивил и информациите до кои дојде од неколку извори во своите редовни комуникации со експерти,  од повеќе области, домашни и странски, који ја следат состојбата со војната во Украина, можно е уште едно сценарио, а тоа е Путин да настојува на „Status quo“ на состојбата во Украина, со исцрпувачки позиционирани борби на линијата на фронтот, и уште по жестоки ракетни напади на русите врз критичната инфраструктура на Украина, надевајќи се на преговори под руски услови и со сегашниот распоредот на силите и освоените територии.

Путин поучен од досегашните неуспеси на фронтот, и притиснат од реакциите на своите досегашни сојузници во Кремљ, чија поддршка за „специјалната воена операција“ во Украина веќе не е толку безрезервна, нема да ризикува да претрпи нови тешки порази и загуби на боиштето во Украина.

Постојат стравувања поради индициите според кои Путин ќе се обиде конфликтот да го прошири на други територии во државите од опкружувањето, исто така поранешни советски републики, како Молдавија на пример, каде деновиве паднаа фрагменти од руските ракети лансирани врз Украина, со што верува дека ќе изврши дополнителен притисок врз Украина и западните сојузници, и дополнително ќе ја зајакне својата преговарачка позиција.

Но, за ваквиот развој на настаните се прашува и Украина, чија понатамошна способност за одбрана и нова офанзива на фронтот непосредно зависи  од западната поддршка , пред се во софистицирани модерни системи за одбрана од руските ракетни напади, следено со испорака за значително количество на офанзивно оружје, артилериски орудија и тенкови.

Тоа што не им недостасува на украинците е висок борбен морал, посветеност, мотивација, храброст и решителност да го истераат непријателот од својата земја.

Тие веќе отфрлија преговори под вакви услови и со окупирани територии од страна на руските агресори, а со последните офанзиви кои доведоа до спекртакуларни деокупации на  Змискиот остров, и неколку региони, како Херсон  и Харкив, само најавија дека со навремена дистрибуција на неопходната западна воена опрема, наскоро ќе тргнат во офанзива за ослободување на Крим.

Драган Мишев

Tags: Војна во УкраинадеокупацијаофанзиваПреговорируска агресија врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ