• Latest
Фото/ Албин Курти од неговиот Фејбук профил

Курти: Србија се обидува да го врати влијанието во Косово, Босна и Црна Гора

January 17, 2023
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Курти: Србија се обидува да го врати влијанието во Косово, Босна и Црна Гора

January 17, 2023 16:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото/ Албин Курти од неговиот Фејбук профил

Фото/ Албин Курти од неговиот Фејбук профил

Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за швајцарскиот весник Tages-Anzeiger изјави дека Србија се обидува да создаде сесловенска хегемонија на Балканот, пренесува Kallxo.com.

Според него, Србија се обидува да го врати влијанието во Босна, Косово и Црна Гора.

„Србија сака Српската Република во Босна, Црна Гора и северот на Косово да ја претвори во сфера на влијание. Исто како што Русија се однесува со Белорусија и Украина. Нашиот проблем е што нашите западни партнери веруваат дека Србија се води само од опортунизам, дека го чека крајот на ерата на Путин и потоа јасно ќе се ориентира кон Европа. Ова е наивно“, рече Курти.

Новинарот Стефан Израел го праша Курти и за изјавите на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, кој го обвини дека е главната пречка за блокирање на преговорите за нормализација со Србија и зошто не ги спроведува договорите како оние за автономија на Заедницата на српски општини.

Курти нагласи дека Србија инсистира на Заедницата на општините со мнозинско српско население да го направи Косово, како Босна, држава во држава.

Косовскиот премиер нагласи дека Србија инсистира на Заедницата на општините со мнозинско српско население да го направи Косово, како Босна, држава во држава.

„Во последните десет години потпишавме 33 договори со Србија. Речиси ништо не е спроведено. Некои од овие договори би биле и во наш интерес, но Белград секогаш инсистира на автономија на општините со српско мнозинство. Зошто мислиш дека е тоа? Србија сака Косово, како Босна, да има држава во држава со Република Српска, односно да стане нефункционално. Му реков на Вучиќ дека ако навистина сака да направи нешто за српското малцинство, треба да го признава Косово. Тој не може да каже дека Косово е „лажна држава“ и во исто време да бара општинска автономија во рамките на оваа држава. Тоа е како да нарачате чај без шолја. Ние не сме глупави“, додаде Курти.

Според косовскиот премиер, Вучиќ повеќе го чека враќањето на Доналд Трамп во САД отколку крајот на војната во Украина.

„Александар Вучиќ повеќе го чека враќањето на Доналд Трамп во Вашингтон отколку крајот на војната во Украина. 80 отсто од населението има позитивно мислење за Владимир Путин. Србија се гледа себеси како дел од сесловенската, православна сфера надвор од Европа“, истакна Курти.

Според него, Белград не ги одобрил санкциите против Москва и добива најевтин гас од Русија. Тој додаде дека за Белград приоритет имаат односите со Русија и со Кина и тоа треба да има цена.

Н. А.

 

Tags: Албин КуртиКосовоСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ