• Latest

Привршува конзервацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, заштитата на културното наследство е приоритет

January 20, 2023

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Привршува конзервацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, заштитата на културното наследство е приоритет

January 20, 2023 15:04
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска, како дел од посетата на преспанскиот регион, ја посети и црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново. При тоа, на премиерот Ковачевски му беа презентирани тековните градежни активности за заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново, којашто претставува несекојдневен пример на византиската уметност од XII век.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е позната по најстарото сочувано ѕидно сликарство кое претставува несекојдневен пример на византиската уметност од крајот на XII век (1191 година), особено по оригинални фрески меѓу кои и фреската на Ангелот Гаврил од Курбиново (како дел од композицијата Благовештение), која е отпечатена и на банкнотата од 50 денари. Почнувајќи од 2013 година, реализирани се неколку проекти за заштита и конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, како што се конзерваторски истражувања, анализи, реконструкција и активности за конзервација на црквата, за што досега се исплатени над 360.000 евра, буџетски средства.

Заштитата на културното наследство и натаму претставува еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за култура. За таа цел, Владата континуирано вложува во заштита на културните добра, меѓу кои е и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, која веќе е впишана на тентативната листа на УНЕСКО (44. сесија на Комитетот на УНЕСКО за светско наследство -Фуџу, НР Кина, јули 2021 година), што е прв чекор во процесот  на впишувањето на едно добро на Листата на УНЕСКО на светско наследство. Изработката на досието за впишување на оваа листа беше извршено од страна на надлежната институција, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј–Битола и се одвиваше согласно Оперативниот водич на УНЕСКО за имплементација на Конвенцијата за светско наследство.

 

Претходно, во втората половина на 2019 година беше изработен Основниот проект за архитектурата и статиката на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, чија реализација поради глобалната здравствена криза, отпочна во 2021 година. Најголем дел од конзерваторските работи се завршени до крајот на 2022 година. За 2023 година, останува да се заврши изведбата на потпорниот ѕид на северната страна и соодветни дренажни канали, како и конзервацијата на ѕидното сликарство во ентериерот и екстериерот на црквата. Целосната реализација на сите сегменти на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, вклучува и изведба на настрешници за заштита на ѕидното сликарство на фасадата.
Tags: КовачевскиКурбиновосв. Ѓорѓи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ