• Latest

Петровска: Да продолжиме со брзо спроведување на нашите обврски

January 23, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска: Да продолжиме со брзо спроведување на нашите обврски

January 23, 2023 13:19
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да продолжиме со брзо спроведување на нашите обврски со почитување на временската релевантност на идните активности. Првенствено, треба да се фокусираме на надминување на идентификуваните празнини во развојот на нашите способности и да ги усогласиме доделените цели за способности и треба да бидеме целосно посветени на имплементацијата на ветувањето за инвестиции во одбраната.

Ова денеска го порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на годишниот брифинг со Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија.

– Иако е предизвик, успеавме да го зголемиме нашиот буџет на одбраната за 2023 година на вкупно 274 милиони евра, што е 1,85 проценти од БДП на Северна Македонија. Тоа е чекор што се вклопува во нашите планови за исполнување на ветувањето за инвестиции во одбраната на Самитот на НАТО во Велс за алоцирање на 2 отсто од БДП за одбраната, и ние тоа ќе го постигнеме до 2024 година, нагласи Петровска.

Од 274 милиони евра, како што информира, 33 проценти, или 88,7 милиони евра се наменети за модернизација и опремување, што, според нејзе, гарантира дека нашата Армија има средства да го продолжи актуелното и досега ненадминато темпо на модернизација.

Таа потсети дека првите шест лесни оклопни возила JLTV Oshkosh беа испорачани пред неколку месеци и најави оти ќе продолжат со набавка на оклопните возила „Страјкер“, други специјализирани возила, воена опрема, системи за противвоздушна одбрана, опрема за сајбер одбрана и други средства што ќе ја направат Армијата поспособна, а нашата колективна одбрана посилна.

– Следејќи ги стандардите на НАТО и нашите сопствени домашни планови, ние сме во процес на набавка на системи за воздушна одбрана со многу краток дострел од нашиот сојузник – Франција. Билатералната одбранбена соработка Северна Македонија – Франција забележа нов напредок во изминатата година, рече Петровска.

Во однос на градењето специјализирани капацитети, како што посочи таа, Северна Македонија презема чекори за зајакнување на сопствените стратешки комуникации како начин на справување со дезинформациите и споделување на нашата праведна приказна со јавноста.

– Ја привршуваме новата Политика за стратешки комуникации со која ќе се реорганизираат комуникациските системи во МО и ќе се создаде процес за целосно функционални, проактивни и веродостојни стратешки комуникации. Со цел да ги поедноставиме нашите стратешки комуникации, градиме доверба преку транспарентност со јавноста пред која сме одговорни. Ќе се осврнеме и на цивилната подготвеност да обезбедиме заштита на цивилите, континуитет на владата и испорачување на основните услуги за нашето население. Утврдивме недостатоци и празнини во националниот систем и презедовме неколку насоки на работа. Законот за критична инфраструктура е во фаза на изработка, а во наредниот период планираме да го завршиме процесот на одобрување, појасни министерката Петровска.

Министерката додаде дека се во тесна координација со НАТО сојузниците во обезбедувањето на потребната поддршка за Украина во однос на воена опрема, медицински залихи, хуманитарна помош и остануваме целосно посветени на Партнерството за зголемени можности НАТО-Украина, вклучително и во подготовката за постконфликтно закрепнување.

Tags: НАТОСлавјанка Петровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ