• Latest

Ковачевски на Советот за безбедност: Европската агенда е наша стратешка цел, нема да дозволиме ништо да ја загрози

January 23, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Ковачевски на Советот за безбедност: Европската агенда е наша стратешка цел, нема да дозволиме ништо да ја загрози

January 23, 2023 20:00
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, присуствуваше на седница на Советот за безбедност, свикана од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

На состанокот се разговараше за актуелната безбедносна состојба во државата, во регионот и во поширокиот евроатлантски простор, вклучувајки ја и ситуацијата во Украина и во тој контекст, за првите недели од претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, каде што членуваат 57 земји членки, вклучувајки ја и Руската Федерација.
Посебен фокус е ставен на добрососедските односи, кон што, Република Свеерна Македонија е искрено посветена, во духот на европските вредности.
На седницата на Советот за безбедност, премиерот Ковачевски, ја сподели оценката со претседателот на државата, Пендаровски дека не смее да се дозволи, европската агенда, што е стратешка цел на нашата држава, како и билатералните односи со соседна Република Бугарија, да станат жртва на националистички и популистички политики, од која и да е страна.
Премиерот Ковачевски, на состанокот ги посочи европските перспективи на нашата држава како прашање од значење за стабилноста и економскиот развој на Северна Македонија, но и за стабилноста и безбедноста на целиот регион и посочи на потребата од одговорно однесување од сите политички лидери и субјекти, во реализацијата на оваа државна, стратешка цел, што е очекување и на мнозинството граѓани во нашата држава.
Tags: Бугаријаевропска агендаКовачевскиОБСЕПендаровскиСовет за безбедностУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ