• Latest

Зајкова: Ќе дадеме поддршка за коалиција што ја дели европската агенда

January 24, 2023

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зајкова: Ќе дадеме поддршка за коалиција што ја дели европската агенда

January 24, 2023 12:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова денеска изјави дека на вчерашната средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на коалициски партнери на СДСМ, разговарале меѓудругото и за можноста за окрупнување на владиното мнозинство, а дали ќе дадат поддршка за тоа Алијансата за Албанците да влезе во владината коалиција, вели, ќе зависи од програмските цели на таа коалиција.

-За нас, се што значи движење на брзиот воз на Европската Унија и европска агенда, ние даваме поддршка, меѓутоа кога влегувате во една коалиција мора да знаеме кои ќе бидат програмските цели на таа коалиција, за што таа коалиција ќе се залага и која е целта, истакна пратеничката и претседателка на Либерално демократската партија, Моника Зајкова во однос на тоа дали за нив е прифатливо Алијансата за Албанците да влезе во владината коалиција.

– Досега јас не сум слушала ниту една партија да се огради дека не е за тоа и сите имаме иста цел, но имаме различни гледишта во поглед на решенијата и одлуките како да се стигне до таа цел. За ЛДП секогаш ќе биде важно какви идеали ќе дели таа коалиција и која програма ќе се застапува и од тоа ќе зависи дали ќе даде поддршка или не, рече Зајкова.

Зајкова изјави дека процесот за уставните измени треба да започне и секој пратеник индивидуално одлучува за тоа каква одлука ќе носи понатаму врз основа на својата визија за иднината и развојот на државата.

Спроед Зајкова, процесите ќе отпочнат, а од индивидуалната волја на пратениците ќе зависи дали истите ќе завршат и ќе се окончаат со некаков резултат или ќе останеме да стагнираме во место.

– За уставните измени процесот треба да започне и секој пратеник индивидуално одлучува за тоа каква одлука ќе носи понатаму врз основа на својата визија за иднината и развојот на државата и говоревме дека пратениците не треба да бидат предмет на никакви пазарења или притисоци, како што сме сведочеле во минатото, рече таа.

Зајкова потенцира дека на синоќешната средба на коалициските партнери со премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски не се зборувало за детали, меѓутоа, како што рече, секој од нас како коалициски партнер замоли доколку се интензивираат преговорите и шансите за окрупнување на мнозинство и навистина се веќе на повидок, тогаш да се внимава на она што значи програмски капацитети на коалицијата, односно на кои програмски капацитети ќе се темели таа коалиција и тој влез, но и на кадровскиот потенцијал.

– Синоќешната средба е една од редовните средби што владината коалиција и владините партнери ги остваруваат меѓусебно. Јас сум новоизбран претседател на ЛДП и сум првпат на ваква средба. Меѓусебно се информираме и си брифираме за тековните политички случувања, справувањето со економската и енергетската криза во државата, колку од владината програма досега е реализирана и што останува. Се разгледуваше планот како понатаму ќе движиме по интегративниот пат, но беше зборувано и за можностите за окрупнување на владиното мнозинство, рече Зајкова.

Премиерот Ковачевски синоќа во Клубот на пратеници одржа средба со претседателите и други високи претставници на парламентарните партии со кои СДСМ заедно настапи на последните парламентарни избори и кои се дел од владината коалиција. Ковачевски на Фејсбук објави дека на средбата е разговарано за реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднина на државата

-Разговаравме за активностите во претстојната 2023 година, за мерките и политиките на Владата за справување со глобалната енергетска криза, економскиот развој и енергетската транзиција, за имплементација на владината програмата, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднината на државата, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Tags: ЕУЗајковакоалицииЛДП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ