• Latest

Ќе го најде ли браварот-детектив клучот на срцето на МКЦ или Арсовска ќе инсталира салунска унгарска врата?

January 25, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ќе го најде ли браварот-детектив клучот на срцето на МКЦ или Арсовска ќе инсталира салунска унгарска врата?

January 25, 2023 19:27
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Стотици граѓани од неколку генерации се собраа во неделата на музичко протестен хепенинг пред платото на Младинскиот културен центар да изразат незадоволство од притисокот на градоначаничката за смена на директорот. Новиот менаџер поставен од Данела Арсовска, извесен Никола Алексов, детектив по професија кој никогаш никој не го видел на ниту еден културен настан и веројатно во МКЦ стапнал сега по прв пат, стихнал со помошна Џи-Пи-Ес, ориентиран според дискотеката „Хард рок“, или „знаеш она место пред кое по полноќ стојат ноќните дами“, пред да ја заврши примарната задача за која е поставен (да потпише вработување за Арбен Шаќири), како најважно ги сменил бравите во институцијата. Се извинувам за овие инсинуации, но кога некој упорно не се појавува пред јавноста да се претстави, што е должност кога имаш јавна функција, остава простор за шпекулирање за неговиот портрет од информациите со кои располагаш.

Не е спорно дека сега има одврзани раце и да направи и Казино, во сред МКЦ ако му е волја, бидејќи навистина е нејасно што друго ќе прави ваков профил на човек таму. И кога сме кај самоволието тоа е демонстрирано на дело. Нетранспарентноста и недостапноста за медиумите и јавноста за коментари, ставови и информации односно класично „неебавање“ на никого ни е познат манир на владеење од црните грујови денови.

Од музичкиот протест пред МКЦ
Од музичкиот протест пред МКЦ

Тоа што за жал, уште ме зачудува е бесрамноста да се вплеткаш каде што не ти е место  и да не се потрудиш барем да лажираш заинтересираност кон револтот на оние речиси илјада луѓе во неделата собрани пред МКЦ.

Ок, коментари на социјалните мрежи, како собирот бил партиски, е обид за спинување на една фактичка реалност која само слепец не може да ја види.

Од музичкиот протест пред МКЦ
Од музичкиот протест пред МКЦ

Има нашата држава поголеми проблеми од ова, граѓаните се изморени од секојдневните битки и можеби се чини маргинално и беингно тоа што некој сака да го закопа срцето на градската култура. Можеби има точност и во некои индиции дека има некои нерегуларности во администрирањето на касата на МКЦ, но тоа е друга тема. Понекогаш преполната чаша ја прелива само една навидум, безначајна капка. Тука, во овој случај, поткусурувањата на Данела и нејзиниот обид за инсталации како ќе и текне, по пријателски и не знам уште каков долен мотив, не смеат да поминат. Баш како пример дека местенки на позиции не се шаховска табла која може да ја редиш како ќе ти текне, без да запазиш елемантарни критериуми за компетентност.

Таа критична маса што се собра во одбрана на МКЦ, ниту е дезоирентирана багра која дојде за сендвич со автобус, ниту очекува некој таму да добие било што од МКЦ.

Колку и да звучи чудно во нашата изопачена општествена реалност, уште има луѓе на кои им се важни обични нешта и кои сакаат да го задржат културниот дух на битисување. Оваа институциија има поддршка за проекти и од европски фондови па не знам каков впечаток ќе добијат тие од последните настани, и можеби ќе се повлечат и пред онаа минимална но значајна финансика помош за нашата култура, особено откако таа е брутално кастрирана со последниот буџет доделен на МКЦ од Градот.

Сега, што е следно по смена на бравите, да очекуваме ограда како онаа што режимот ја постави пред Влада, или некоја декорирана унгарска порта како симбол на моќта на конзулката и нејзините одлични врски со продолжената македонска рака на Виктор Орбан?

„МКЦ не е партиска цицка“, „Културата е скапа, но некултурата е поскапа“ беа двата едвај забележливи но многу силни транспаренти на мирниот собир во неделата. Пораката е пратена, и за оние кои е потребен превод на ова: Не може да се поигруваш со освестена и писмена критична маса со насилни методи од позиција на моќ, се лизнале во историјата многу поголеми од една градоначалничка , која не знае каде тера.

Да живее андерграунд културата, не подземјето!

 

Tags: Град СкопјеДанела АрсовскаКУЛТУРАМКЦ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ