• Latest

Груби: Нема повеќе време, ниту простор за калкулации, или сте за или сте против Европа

January 30, 2023

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби: Нема повеќе време, ниту простор за калкулации, или сте за или сте против Европа

January 30, 2023 11:41
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нема повеќе време, ниту простор за калкулации и измами. Или сте за Европа или сте против. Нема простор за средна зона, бидејќи нема друга алтернатива, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, повикувајќи ги сите да се придружат на, како што рече, прогресивното мнозинство „на патот за Европска алијанса“.

– Дојдете сите заедно. Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, политички партии, граѓанското општество, медиуми, креатори на јавното мислење, академскиот свет и сите граѓани. Дојдете на првата линија на европско-македонскиот фронт, повика Груби, во своето воведното обраќање на денешната конференција „Година на нови можности“ во организација на Владата.

Според Груби, иако имало обиди земјата да се втурне во непредвидливост и ваквите закани се уште не престануваат, тоа не ги обесхрабрува, за како што вели да го реализираат тоа што го ветиле на граѓаните – еднаквост, развој, интеграција, мир, безбедност и стабилност.

– Во јуни минатата година конечно ги започнавме преговорите за членство во ЕУ. И после, ова сонцето повторно изгреа, а ние зборуваме на истите јазици, што ги зборуваме, и пишуваме и чувствуваме како што сме, без да дозволиме никакво наметнување, но сега како земја која што преговара со ЕУ. Политиката на нашата Влада е храбра и прогресивна, политика на нула проблеми со соседите и целосно регионална и евро-американско партнерство, порача Груби.

Тие што се преставуваат како квази патриоти, според Груби, сакаат само власт и да ја држат земјата изолирани од западниот свет, измислувајќи непостоечки страв за да ги исплашат граѓаните.

– Со овие политики на страв изгубивме десет години од нашите животи. Денес, тие што инсталираат непознати стравови, им велат на меѓународните претставници дека ќе го променат уставот откако ќе ја добијат власта и дека ги имаат методите, но им треба власта и би било добро да се знае ова и од нивните членови на партијата. Ним им е до власт, а не за патриотизам, изјави Груби.

Во време кога целиот регион се користи како полигон за влијанија, ние, посочи Груби, како прогресивно мнозинство ги предизвикуваме сите на патот за Европска алијанса.

– Ова е единствениот пат за проекти, како што се автопатите, железници, депонии, болници, училишта, градинки, за подобар животен стандард, за владеење на правото, борба против корупцијата, но и за чистење на нашите општествени редови и јавноста од монтерите на стравот и директните и индиректни пречки на европскиот пат, изјави Груби.

Tags: Артан ГрубиГодина на нови можностиЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ