• Latest

„City Tree“: Зелени билборди – симбол на потребата од урбано зеленило

September 14, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„City Tree“: Зелени билборди – симбол на потребата од урбано зеленило

September 14, 2016 16:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Инсталација на зелени билборди за прочистување на воздухот како дел од проектот „City Tree“, ќе се постават во центарот на Скопје и на Тетово, на почетокот на октомври. Оваа иновација беше претставена на денешната прес-конференција на која присуствуваше германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер

„Во Македонија загадувањето на воздухот во континуитет последните години е над дозволеното. Битола и Скопје, се први на листата на најзагадени градови во Европа! Инсталацијата ќе помогне за намалување на аерозагадувањето, подобрување на квалитетот на живот и подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина. Станува збор за вертикална структура од мовови, со васкуларни растенија кои апсорбираат ПМ честички, азотни оксиди и озон. Пропустливата структура има способност да ја успори брзината на ветрот. Мововите ја привлекуваат ситната прашина и ја претвораа во фитомаса која ја користат како храна“ , изјави извршната директорка на „Еко-свест“, Ана Чоловиќ Лешоска, претставувајќи го проектот „City Tree“.

 

Лешоска потенцираше дека „City Tree“ не е замена за урбаното зеленило и дека претставува симбол за тоа оти Скопје и Тетово треба да се трансформираат во зелени градови.

Структурата на зелените билборди е самоодржлива и потребно и е сервисирање од само неколку часа годишно. Една инсталација чини 25.000 евра.

DSC_0044

Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Германија

„Надворешната политика на Германија е во правец на справување со последиците на климатските промени. Во тој правец, во моментов, спроведуваме два проекта во Македонија, едниот се однесува на влијанието на климатските промени врз земјоделието, и вториот проект кој денеска го претставуваме. Вакви зелени билборди се поставени во повеќе градови во Германија, но и во Осло, Хонг Конг…“, истакна Кристине Д. Алтхаузер.

DSC_0053

Цветанка Икономова Мартиновска, Град Скопје

Според раководителката на Секторот за заштита на животната средина и природа во Град Скопје, Цветанка Икономова Мартиновска, во моментов се изведуваат повеќе проекти за намалување на загаденоста на воздухот, меѓу кои е и мерење на влијанието на огревното дрво и влијанието на сообраќајот врз загадувањето.

зелен билборд

Проектот „City Tree“ го спроведува Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје, во соработка со Амбасадата на Германија, Град Скопје и македонски и странски компании – донатори.

Марија Теговска

Камера: Дехран Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: екологијаживотна срединазагаден воздухзелени панелиМакедонијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result