• Latest

Над 2.000 загинати во земјотресот во Туркије и Сирија, повредени и двајца македонски ученици, помош најави АРМ и МНР

February 6, 2023

Реакции: Банките нетранспарентни и нефлексибилни; Најголеми лихвари заштитени со закон

May 13, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Не е сѐ политика: Стари љубови и љубовници – сенки што не бледнеат

May 13, 2025
Ерол Ризаов

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

May 13, 2025
фото: РЕК

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар

May 13, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

May 13, 2025
фото: скриншот МИА

Васил Јованов осуден на 12 години затвор, таткото на загинатата Фросина Кулакова го напушти судењето и го нарече судот „мафија“

May 13, 2025
Фото: Скринчот од видео на The Breakfast Show

Подољак : Зеленски ќе се сретне само со Путин во Истанбул, разговорите на пониско ниво се бесмислени

May 13, 2025
Фото: Министерство за внатрешни работи

МВР: Со лажни е-маил пораки се злоупотребуваат имињата на македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив

May 13, 2025

Водач на руска шпионска мрежа осуден на 11 години затвор во Велика Британија

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа, со користење на скриншотови од видеа на NEWS 18 и CNN

„Тоа е поткуп“: И медиумските ѕвезди на MAГA го критикуваат Трамп за подарокот-авион од Катар

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Над 2.000 загинати во земјотресот во Туркије и Сирија, повредени и двајца македонски ученици, помош најави АРМ и МНР

February 6, 2023 16:34
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Според најновите податоци во денешните два земјотреса во рок од 12 часа што ги погоди Туркије и Сирија загинаа повеќе од 2.000 луѓе. Се очекува зголемување на бројот на жртви, а во тек се спасувачки операции. Според официјалните податоци на Туркије загинале 1.014, а 5.383 лица се повредени, додека се урнале 2.818 згради.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„За жал, роденденот на Гоце Делчев беше искористен од другата страна за кревање на тензиите по мене сосема непотребно. Меѓутоа, мислам дека е неподелена оценката 4 февруари и од наша страна како држава сосема до крај, стопроцентно го положивме испитот и покажавме како една сериозна европска држава треба да се однесува со почитување на правата на луѓето да одат на почит на големиот македонски револуционер и притоа да се изолирааат сите што доаѓаат со лоша намера, односно доаѓаат со намера да провоцираат и да предизвикуваат немири“, истакна Пендаровски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МНР Повредени се двајца македонски ученици во земјотресот во Туркије. Едниот ученик има скршеница, а другиот полесни повреди, информира Министерството за надворешни работи. Во југоисточна Туркије каде утринава беше регистриран силен земјотрес се наоѓаат вкупно девет македонски државјани, осум ученици и нивниот ментор кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција и не се во животна опасност.

СРЕДБА Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која е во посета на земјава. На состанокот, како што информираат од Владата, било изразено очекување дека оваа посета ќе даде поттик за интензивирање на билатералните односи помеѓу двете држави, посебно што ова е прва посета на унгарски претседател на Северна Македонија во последниве 20 години.

-Пренесена е јасна порака дека нашата држава може да смета на натамошната поддршка од Унгарија во европските интеграции. Оценето е дека Република Северна Македонија ѝ е потребна на Европската Унија, во делот на безбедноста и стабилноста, и како држава којашто практикува европски вредности, и чијашто култура е посебна и европска и ќе го збогати европското семејство на народи, држави и култури, се вели во денешното соопштение од Владата.

ИНТЕГРАЦИИ Во Брисел денеска почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“, кое е дел од вториот кластер „Внатрешен пазар“. Делегацијата на Северна Македонија ја предводи заменичката на главниот преговарач на Република Северна Македонија со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили која го посочи напредокот и спроведените реформи во ова поглавје, со конкретни активности.

ЕУ Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел утринава се огласи по разорниот земјотрес што денеска ги погоди Туркије и Сирија и однесе голем број животи и најави помош од ЕУ. „Нашите мисли се со народот на Туркије и Сирија. ЕУ е подготвена да помогне“, напиша Борел на Твитер.

КУЛТУРА Претседателката на Антикорупциската комисија за ЦИВИЛ Медиа изјави дека се чека извештај од Државниот завод за ревизија во врска со исплати од Филмскиот фонд, за филмови врзани со режисерот Милчо Манчевски и други режисери, но директорот на фондот Бојан Лазаревски вели дека откако тој е на позицијата директор на оваа институција никој не побарал документи за истрага.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки дезинформира дека вицепремиерот Артан Груби не се поклони на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев.

Всушност, вистината е дека вицепремиерот Артан Груби му оддаде почит и се поклони пред гробот на Гоце Делчев, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Зоран Бојаровски

„Северна Македонија ѝ ги расипа плановите на Москва и не дозволи растечките тензии меѓу Скопје и Софија да се претворат во отворен конфликт, иако беа доведени многу блиску до таа граница, откако чествувањето на годишнината од раѓањето на идеологот и организаторот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев беше прогласен за настан од висок безбедносен ризик по што државата ги презеде сите неопходни мерки за да го стави под контрола“, пишува Зоран Бојаровски во анализата „Од „љубовта“ на Москва и кон Делчев и санстефанска Бугарија настрадаа македонско-бугарските односи“.

„Повторно под хипнотичното дејство врз медиумите и воопшто врз јавноста, која со опсесивна фиксација се бави со “бугарските” егзибициски изјави, во Собранието се протнува вмровска инцијатива за донесување на закон за амнестија за осудените од 27 април. За, Крвавиот Четврток!

Reality check, hallo!“, пишува Ана Чупеска во колумната „ВМРО АМНЕСТИЈА“.

„Бугарите не се перчат на некоја велесила во Европа, туку не бербатат нас, во суштина еден добар и пријателски народ. Срамно за Бугарите, не би сакал да употребам потежок збор. Срамен е и гестот од вчера, кога беше каменуван македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ во Благоевград. Ако вака Бугарија го замислува добрососедство и пријателство, би требало сериозно да се преиспитаат што всушност му прават на својот сосед. И ваквото однесување од Бугарите е, ќе речам уште еднаш, тешко да се разбере“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Домашните опскуранти од групата „TNT“ не успеаја во својата аудиција, а Бугарите манифестираат недемократско однесување“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ