Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ за обезбедување хуманитарна помош за Турција.
Според Укринформ, указот бр. 61/2023, е објавен на веб-страницата на шефот на државата.
Шефот на државата нареди обезбедување хуманитарна помош за Турција „со цел да се помогне во надминување на последиците од вонредната ситуација во Република Турција, предизвикана од земјотрес, во согласност со член 10 од Законот на Украина „за хуманитарна помош“.
Според декретот, Кабинетот на министри на Украина мора да го обезбеди одоставувањето хуманитарна помош за Турција.
Подготви: Д. Мишев