ВЕСТ НА ДЕНОТ
Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, денеска беа ратификувани во македонскиот парламент.
„Честитки за сите, ова голем ден за македонската и регионалната економија. Благодарност до одговорните пратеници кои гласаа ЗА“, истакна Марјан Забрчанец, Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.
Според него имало објективни причини и пречки зошто македонскиот парламент ги немаше изгласано ратификациите на договорите од Отворен Балкан, а ти во главно се сведуваа на блокадите од страна на опозицијата. Сепак, два од договорите, оние кои се однесуваат на отстранувањето на работните дозволи поминаа на комисијата за надворешни работи во Собранието, откако опозицијата се одважи да ја тргне блокадата.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Столтенберг: Нашата порака е јасна: НАТО стои со Украина! Колку што е потребно!
„Ќе ја засилиме и ќе ја одржиме нашата поддршка за Украина. Речиси една година од инвазијата, претседателот Путин не се подготвува за мир. Тој започнува нови офанзиви. Затоа, ние мора да продолжиме да и даваме на Украина она што и е потребно за да победи. И да се постигне праведен и одржлив мир“, изјави Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, прес конференција во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, кој ќе се одржи на 14 и 15 февруари во Брисел.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Речиси 90 проценти од Украинците се подготвени да водат борбата против руската агресија дури и според најлошото сценарио, се нотира во извештајот за безбедност на Конференцијата за безбедност во Минхен 2023, претставен во понеделникот
*
Вчера околу 22:00 часот, во Марипул se слушнале три гласни експлозии. Локации на руските окупатори во селото Николске бил пријавени како погодени
*
Иран користел чамци и државна авиокомпанија за да прошверцува нови типови на напредни вооружени беспилотни летала со долг дострел за потребата на Русија во војната против Украина, пренесува Гардијан од извори во земјата на Блискиот исток.
AL – PRESS
Редакциски избор од албански медиуми: Албанската опозиција протестира против Рама, низок степен на казни за корупција во Албанија, Курти побара поддршка од опозицијата
ФЛЕШ ВЕСТИ
АЕРОЗАГАДУВАЊЕ Загаден воздухот во речиси сите градови во Македонија, а Скопје моментно е на 7 место на светската листа на градови на IQair со најзагаден воздух и со индекс на загадување од 153!
ДОНАЦИИ Високи потпетици, стари и нечисти алишта се расфрлани по плоштадот „Македонија“, на местото каде се собираа дел од донациите за земјотресите во Турција и Сирија.
ЗАКАНИ ЗА БОМБИ За 114 дена, вкупно 34 (лажни) закани за поставени бомби во 469 локации
ОСТАВКИ Собранието на Република Северна Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухи
ЗЕМЈОТРЕС Бројот на загинати во Туркије и Сирија по катастрофалните земјотреси во понеделникот достигна најмалку 36.217 жртви.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение ги предупредува граѓаните да внимаваат, бидејќи лажни електронски пораки се испраќаат во име на МВР и дека станува збор за обид за измама во меѓународни рамки.
АНАЛИЗИ
Речиси една година откако Русија ја започна воената агресија против Украина, економијата на ЕУ влезе во 2023 година на подобра основа отколку што беше предвидено есента. Зимската привремена прогноза ги зголемува изгледите за раст за оваа година на 0,8 отсто во ЕУ и 0,9 отсто во еврозоната.И двете области сега се поставени за малку да ја избегнат техничката рецесија што се очекуваше на крајот на годината. Прогнозата, исто така, благо ги намалува проекциите за инфлацијата и за 2023 и за 2024 година,
се вели во анализата на Соња Танеска „Инфлацијата во ЕУ „забавува“, се очекува и раст на економијата“.
Б. Јордановска












