• Latest

Сених: Со намалувањето на средствата, ќе се зголеми бројот на заболени и смртни случаи!

October 25, 2016
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск доколку е потребно поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Зеленски: Русија мора да биде повикана на одговорност, светот мора да изврши притисок за крај на војната

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Сених: Со намалувањето на средствата, ќе се зголеми бројот на заболени и смртни случаи!

October 25, 2016 15:25
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Андреј Сених, извршен директор на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ и претставник на Платформата за ХИВ која ја сочинуваат 15 граѓански организации што спроведуваат активности за превенција и поддршка во рамките на Националната програма за заштита на населението од ХИВ.

ЦИВИЛ Медиа: Што значи кратењето на 59 проценти од потребните средства за превенција, заштита и лекување на лицата со ХИВ, од Буџетот на Република Македонија?

14516397_775540445882759_6204406086827786218_n

СЕНИХ: Националната програма за заштита на населението од ХИВ во изминатите 13 години се финансираше во најголем дел со средства од донации кои Република Македонија ги добиваше на национално ниво, преку Министерството за здравство, а во помал процент од националниот буџет. Во последните години, учеството на државата се зголемуваше, со оглед дека Република Македонија, официјално во Собранието, се има обврзано кон донаторот, да го преземе во целост финансирањето на Националната програма за ХИВ, по завршувањето на донаторската поддршка. Последниот петгодишен грант завршува во декември 2016 година, но извесно е дека донаторот ќе дозволи да се дотрошат заштедените средства кои ќе бидат доволни да ги покријат клучните активности за превенција што ги спроведуваат повеќе од 15 граѓански организации, во над 13 градови во земјата. Во секој случај, како земја со висок среден приход, како и со ниска стапка на ХИВ-инфекција, Република Македонија веќе не се квалификува за овој вид на меѓународна поддршка, бидејќи се смета дека целосно може да го финансира својот национален одговор на сопствената епидемија на ХИВ.

Програмата за ХИВ за 2016 – изнесуваше 166,5 милиони денари, од кои учеството на Република Македонија изнесуваше 45 милиони денари. Со оглед дека следната година завршува поддршката од Глобалниот фонд, Министерството за првпат, спроведе процес со ангажирање на домашни експерти за да направат проценка колку средства ќе биде неопходно да се издвојат од буџетот на Министерството, односно од националниот буџет за 2017, за да се покријат како терапијата, така и активностите за превенција на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик, кои ги спроведува, речиси исклучиво, граѓанскиот сектор во соработка со некои јавни установи. Експертите проценија дека за едногодишна терапија за сите пациенти и превентивни услуги, неопходни се 65 милиони денари од националниот буџет. Наместо да се предвидат неопходните 65 милиони денари, Министерството направи кратење, дури и во споредба со тековната година, на само 27 милиони денари! Ова е намалување за 59% во однос на потребното ниво на финансирање од домашниот буџет.

14590347_775540299216107_1284181829095803284_n

ЦИВИЛ Медиа: Како ова намалување на Буџетот ќе се одрази врз превенцијата и третманот на лицата кои се веќе дел активностите на Платформата за ХИВ?

СЕНИХ: Се надеваме дека во Министерството има доволно разумни луѓе кои внимателно ќе ги земат предвид аргументите дека е незамисливо да не се предвидат минимум средства за терапија во Програмата за 2017 година. Се надеваме дека нема да дојде до проблеми со недостаток на лекови и тестови за следење на инфекцијата, и во секој случај, како граѓански организации, будно ќе ги следиме процесите и повторно ќе ја алармираме јавноста доколку терапијата е на било кој начин загрозена.

Но, во оваа поставеност на нештата, очигледно е дека се на удар токму активностите за превенција, кои се централен дел на нашата Национална стратегија за ХИВ. Суштината на три национални стратегии во изминатите 13 години е токму превенцијата кај овие клучни популации. Во Република Македонија ние немаме генерализирана епидемија, па според тоа, доколку успееме да ја одржиме на ниско ниво во клучните засегнати популации, ќе го заштитиме и јавното здравје, односно, ќе спречиме инфекцијата да стане проблем на општата популација.

Како за ниту една друга програма во областа на јавното здравје, и во здравството воопшто, за Националната програма за ХИВ во 2015 година беа направени сериозни анализи зад кои стојат Министерство за здравство, Светската здравствена организација и Светската банка. Оваа анализа покажа дека епидемијата на ХИВ во Македонија може да се држи под контрола доколку се одржи нивото на финансирање коешто го имавме досега. Доколку оптимално се распределат средствата, со што ќе се задржи и зголеми фокусот на групите изложени на најголем ризик и ќе се зголеми опфатот со антиретровирусна терапија, анализата покажа дека во следните 15 години, Република Македонија може да спречи да настанат повеќе од 860 нови инфекции и може да избегне повеќе од 290 смртни случаи како резултат на ХИВ! Сметаме дека ова се доволни докази кои мора да се следат. За нас е недозволиво донесувачите на одлуки да одлучуваат игнорирајќи ги доказите.

Доколку престанат програмите за превенција, развивани и градени во текот на 13 години, над 15 илјади корисници на овие услуги, на годишно ниво ќе останат без потребните средства за превенција и без пристапот до скрининг за рано откривање на ХИВ-инфекцијата и поддршката за поврзување со здравствена грижа и лекување. Задоцнетата дијагноза или неоткриената ХИВ-инфекција ќе бидат причини за смрт кај многу лица, а тоа е нешто што во денешно време можеме да спречиме. Покрај тоа, неоткривањето на ХИВ ќе значи и понатамошно ширење на инфекцијата, бидејќи ХИВ пред сè, се пренесува од лица коишто не знаат дека го имаат вирусот. Денес е добро познато дека штом лицата со ХИВ ќе почнат да примаат антиретровирусна терапија, за само неколку месеци престануваат да бидат инфективни по сексуален пат. Значи, терапијата исто така, е дел од превенцијата, заедно со раното откривање, бидејќи спречува вирусот да биде пренесен преку сексуален однос. Од друга страна, доколку еднаш прекинат програмите за превенција раководени од граѓанските организации, ќе се распаднат изградените капацитети и инфраструктура, кои потоа ќе биде многу тешко да се вратат , односно ќе треба да се градат одново. А токму ако дозволиме да се зголеми стапката на ХИВ во Македонија, како што нé предупредија анализите и на Министерство за здравство и Светската банка, дури тогаш ќе имаме многу поголема потреба од терапија, но и уште поголема потреба да вложиме во превенција. Според тоа, ова кратење на буџетот не е никакво штедење, туку напротив, на долг рок ќе резултира со значително зголемување на трошоците за заштита на населението од ХИВ.

М. Теговска

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: буџетздравствоМакедонијаХИВЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ