• Latest

Пратениците расправаа за разрешување на министерот Алити, седницата ќе продолжи в понеделник

February 17, 2023

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците расправаа за разрешување на министерот Алити, седницата ќе продолжи в понеделник

February 17, 2023 15:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска почнаа расправа за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити од Алтернатива, откако доцна синоќа заврши расправата за предлогот од Владата за разрешување на неговиот сопартиец Беким Сали. Гласањето по таа точка од дневниот ред ќе биде дополнително, бидејќи немаше доволен број пратеници во собраниската сала.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во нивните говори критикуваа дека Алити не сработил ништо во ресорот кој опфаќа дигитализација и унапредување на јавната администрација, освен што „на своја рака“ одлучил за балансер со кој ќе се вработат поголем број  Албанци.

– Алити проценил дека во тој балансер треба да го стави процентот и на Албанците во дијаспората, а не од резидентното население или 31,5 проценти, наместо 24,3 според пописот, што е незаконски и неуставно. Донесе на своја рака одлуки, а СДСМ тоа го премолчи за да остане на власт, рече Бране Петрушевски.

Опозициските пратеници прашаа и до каде е стратегијата за кибер-безбедност на Министерството за информатичко општество и администрација, што повеќе од една година го раководел Алити, посочувајќи за хакерскиот напад од кој сѐ уште е блокиран Фондот за здравствено осигурување, како и најавите за поставени бомби во училиштата кои траат четири месеци.

– Институциите не се поврзани меѓу себе, ги погаѓаат хакерски напади…  Ова е едно од клучните Министерства ако сакаме да влеземе во Европа – дигитализација на институциите, реформи кои би им помогнале на медиумите и на јавна администрација. Секако Алити треба да си замине зашто ништо не направил, рече Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, премиерот треба да направи смени и во образование и економија –  министерствата кои, како што рече, „најмногу бодат очи“, но смета дека таму Ковачевски „не смее да чепне“ поради неговиот коалициски партнер Али Ахмети.

 Фиснике Бектеши-Шаќири од ДУИ во репликата рече дека „Али Ахмети е пример за лидер зашто сака да ги обедини сите етникуми во Македонија заедно да се приклучат на европскиот фронт“.

– Од оваа говорница денес зборуваме албански, имаме соодветна застапеност и заради Али Ахмети сме во НАТО и ќе бидеме во Европската Унија, рече пратеничката од ДУИ.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека Алијанса за Албанците (АА) „ќе ја спасува владата на СДСМ и ДУИ“, како што на крајот од 2021 година „гума за спасување“ била Алтернатива.

Тој им порача на пратениците на АА дека со својата одлука влегуваат во, како што рече, „криминално дувло, со висок процент на корупција, особено во судството, здравството, јавната администрација, полицијата“.

Реагираше Артина Ќазими од АА одговарајќи му дека со влезот во владината коалиција не умира каузата на нејзината партија, туку дека годината е критична за земјава и тие внесуваат стабилност.

– Ова е критична година и може да умре надежта за реформирана држава. Доколку не влезевме ние, ќе требаше да одиме на предвремени избори.  Доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, има ли план и дали ќе ги почне преговорите? Можен е ризик од зголемено руско влијание, ова е година на опасност. Не смееме да ја ризикуваме нашата европска иднина. Со нашата одлука се зголемува стабилноста во државата, рече Ќазими.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ја нарече АА „резервно тркало“, на што пратеникот Елми Азири возврати дека нивната одлука за влез во Владата се темели на визија, мисија и програмски цели на партијата.

– Во политиката нема место за двоен морал. Некоректно е овде да се зборува за криминал и корупција кога 400 ваши функционери се шетаат по судови за криминал и корупција, рече Азири.

На петтиот ден од 104-тата седница, пратениците од опозицијата продолжија со критики на политиките на Владата, а од владејачкото мнозинство полемизираа со реплики.

Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ рече дека политиките на СДСМ и коалицијата се меѓународно признати и препознати и дека денес земјава е членка на НАТО и почна преговори за членство во Европската Унија.

– Пред пет години бевме квалификувани како заробена држава, денес сме партнер и сојузник на западниот демократски свет, рече пратеничката на СДСМ.

Расправата по предлогот за разрешување на Алити денеска заврши во 15 часот и, како што соопшти заменик-претседателот на Собранието, Горан Мисовски, ќе продолжи во понеделник во 12 часот.

Покрај Беким Сали и Адмирим Алити, на дневен ред на оваа седница е разрешувањето на уште еден нивни сопартиец од Алтернатива – Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕкоалицииСДСМСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ