• Latest

Османи од Генералното собрание на ОН: Сите земји членки да се солидаризираат со Украина

February 23, 2023
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Видеото од тортурата врз транс жената Сара Милереј ја шокираше Колумбија, но убиствата не застанаа тука

August 6, 2025
Фото: Укринформ

Литванија бара помош од НАТО за зајакнување на воздушната одбрана откако втор дрон ја премина границата

August 6, 2025

Урбаната приказна што недостасува

August 6, 2025
Фото МИА

Молдавска политичарка осудена за финансирање партија со руско влијание

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC7 News Bay Area

Министерот за здравство Р. Ф. Кенеди помладиот откажува 500 милиони долари за развој на вакцини против мРНК во САД

August 6, 2025
Фото: Скриншот од кривичната пријава против Ана Брнабиќ / Бујановачке.рс

Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

Цивилна одбрана во Газа: 20 лица загинаа при превртување на камион со хуманитарна помош

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи од Генералното собрание на ОН: Сите земји членки да се солидаризираат со Украина

February 23, 2023 19:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска говореше на 11-тата Специјална итна седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк каде упати силна осуда за воената агресија на Руската Федерација врз Украина.

Во своето обраќање, Османи испрати порака до сите земји членки на ОН за важноста на усвојувањето на Резолуцијата на ОН за враќање на мирот и заштита на меѓународниот поредок и ги повика сите земји членки на Организацијата на ОН да се солидаризираат со Украина и со нејзиниот народ и да ја чуваат Повелбата на ОН која е нивна заедничка одговорност.

– Денес е Украина, утре може да биде која било наша држава која се потпира на правилата и принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН ја смета како неспорна гаранција за независност, суверенитет и територијален интегритет на земјите. Руската Федерација ги прекрши овие фундаментални принципи, кои сите ги негуваме и за кои сите се согласуваме, без оглед на разликите меѓу нас, рече Османи, инфомираат од МНР.

Османи јасно порача дека не може во 21 век да се прифатат „сферите на влијание“, објаснувајќи дека тоа е концепт за предизвикување конфликти, како што e случај со Украина. Потенцираше дека е недозволиво една држава со сила да ги менува границите на својот демократски сосед, да ја уништува нејзината инфраструктура и да предизвика неподносливо страдање на цивилното население.

– Не можеме да дозволиме или да признаеме освојување на територии со војна и смешно организирани референдуми на окупирани територии. Не можеме да прифатиме владеење со сила и најсилните да одлучуваат за судбината на другите народ“, рече Османи.

Османи, како што се вели во соопштението од МНР, кажа дека Русија ја избрала погрешната страна на историјата и оттука мнозинството земји-членки ги прифатија досегашните резолуции на ОН, со што и ја осудија руската инвазија на Украина. Однесувањето на Русија како постојана членка на Советот за безбедност нема оправдување, истакна Османи. Русија освен што започна агресивна војна против Украина, предизвика и енергетска несигурност и недостаток на храна во светот.

Претседавачот на ОБСЕ ги пренесе позициите на Северна Македонија, која се води од принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН. Нашата земја од самиот почеток ја осуди руската војна против Украина и како голем број членки на ОН, даде поддршка на истрагата за евентуални воени злосторства врз украинскиот народ, а сега дава поддршка и на враќањето на мирот и заштитата на меѓународниот поредок.

Говорејќи од позиција на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека Русија со воената инвазија ги прекрши и принципите на ОБСЕ и Завршниот акт од Хелсинки. Пред Собранието, тој ги сподели личните сведоштва за време на теренската мисија на Украина.

-Го посетив градот Бородјанка во близина на Киев кој беше особено тешко погоден од руските напади. Разговарав со луѓето, се запрашав: што згрешиле овие невини цивили, повеќето од нив постари луѓе или деца? Што згрешиле за да ја заслужат оваа судбина? Можеме да направиме многу повеќе од хуманитарна помош, можеме да ги спречиме овие човечки страдања. Како што вели мотото на нашето претседавање со ОБСЕ – За луѓето се работи!“, истакна Османи.

Претседавачот со ОБСЕ, на претставниците на земјите-членки на ОН им порача и дека политичките дејствувања на национално и меѓународно ниво ќе бидат бесмислени ако се остане нем пред човечките страдања кои не се предизвикани од природни катастрофи, туку од намерна воена агресија. Потенцираше дека одговорност мора да има, бидејќи тоа е најефективното средство за ова што се случува во Украина да не ѝ се повтори на друга суверена држава и на друг народ.

-Меѓународната заедница, отелотворена во Обединетите нации, не може да си дозволи грубо кршење на сите правила и принципи. Она што се наметнува како прашање, не е ништо помалку од визијата за светот во кој сакаме да живееме: или ќе обезбедиме мирен соживот и соработка меѓу народите, ослободени од закани од војна и агресија, или ќе бидеме принудени да живееме во постојан страв, нестабилност и неизвесност, истакна претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи на ГС на ОН. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бујар ОсманиОНУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ