• Latest

Поддршка од ЕИБ за првата национална стратегија за зелени финансии

February 28, 2023
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Поддршка од ЕИБ за првата национална стратегија за зелени финансии

February 28, 2023 13:54
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка е во завршна фаза на изработка на првата национална стратегија за поттикнување на зеленото финансирање. Стратегијата предвидува голем број активности кои ќе придонесат за справување со ефектите од климатските промени, што имаат негативно влијание врз економскиот раст на земјите и инфлациските притисоци. Европската инвестициска банка (ЕИБ) изрази подготвеност преку нивниот консултантски тим, специјализиран за „зазеленување на финансиските системи“, да го поддржи спроведувањето на стратегијата.

Ова, како што соопшти Народната банка, беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, на маргините на форумот на групацијата на ЕИБ „Приспособување на светот што се менува“.

Климатските промени се извор на ризици за финансиската стабилност и поради тоа сѐ поголем број централни банки во светот ги вклучуваат зелените финансии во своите цели. Народната банка како општествено одговорна институција се стреми да биде пример и да даде придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, заради унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и нивниот животен стандард. Оттука, Банката веќе презема низа активности за поттикнување на финансирањето на зелените проекти од страна на банкарскиот сектор, меѓу кои е и изработката на стратегијата за зелени финансии.

Стратегијата за поттикнување на зелените финансии ќе засега повеќе сегменти, како што се финансиската стабилност, банкарската регулатива и супервизија, монетарната политика, истражувањето, финансиските пазари и јакнењето на капацитетите на Народната банка. Некои од позначајните активности во рамките на стратегијата се подготовка на насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, како и редовни стрес-тестирања за оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени.

Народната банка во изминатиот период започна да гради зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви. Од минатата година преку задолжителната резерва, централната банка интервенира за поттикнување на зеленото кредитирање од страна на банките.

Во изминатиот период се забележува напредок во зеленото финансирање во земјава, но сѐ уште има простор за негово унапредување. Народната банка започна со редовно известување за зеленото кредитирање на банките ‒ според последните расположливи податоци се забележува раст за речиси 80% на зеленото кредитирање во споредба со крајот на 2019 година (од кога се прибираат податоците). Во овој период „зелените кредити“, или кредитите за финансирање обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации, пораснаа за 0,9 процентни поени како удел во вкупните кредити и сега изнесуваат 3,1%.

Соработката на земјава со Европската инвестициска банка датира од 1977 година. Досега, тие поддржуваа развојни проекти во јавниот и во приватниот сектор, коишто имаат за цел да ги подобрат условите за живеење во земјава. Најголемиот дел од проектите се однесуваат на инвестициите во транспортната мрежа, енергетиката, како и водоснабдувањето и третманот на отпадни води, но и поддршка на малите и средните претпријатија преку кредитни линии пласирани преку комерцијалните банки, се наведува во соопштението од Народна банка.

Фото: НБРСМ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ