• Latest

Петровска – Чернохова: Северна Македонија и Чешка ја продлабочуваат одбранбената соработка

February 28, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска – Чернохова: Северна Македонија и Чешка ја продлабочуваат одбранбената соработка

Министерките Петровска и Чернохова, се согласиле дека неодамна потпишаниот Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка помеѓу државите.

February 28, 2023 14:28
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска со високи воени почести беше пречекана во Прага, со што ја започна својата официјална посета на Чешката Република, во чии рамки оствари средба со чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова.

Министерките Петровска и Чернохова, се согласиле дека неодамна потпишаниот Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка помеѓу државите.

– Неодмана склучениот договор за ремонт на два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија, претставува уште еден доказ за интензивирање на нашата соработка во одбраната, но и на нашата блискост во Алијансата, истакнала Петровска, соопштија од МО.

Оценувајќи ја билатералната соработка како одлична, министерката Петровска на средбата потенцирала дека Чешка не е само наш близок НАТО сојузник, туку и гласен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија.

 – Чешка е доследен и гласен поддржувач на евроинтеграцијата на Северна Македонија и за тоа сме благодарни и сметаме на чешката поддршка и во иднина, нагласила Петровска.

Додала дека евроинтеграцијата на Северна Македонија и останатите држави од Западен Балкан ќе даде позитивен импулс и за безбедноста на регионот.

-Сегашната геополитичка реалност ја наметнува потребата од забрзување и поттикнување на нова динамика во процесот на евроинтеграцијата на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан, бидејќи ќе се ублажат негативните влијанија на Балканот и воедно ќе се создадат поповолни услови за решавање на отворените прашања, истакнала Петровска.

 

Министерката Петровска за време на посетата на чешкиот Парламент, остварила средба со претседателот на Комитетот за одбрана на Чешка, Лубомир Метнар.

Од МО најавија дека попладнево, министерката Петровска ќе го посети Воздухопловниот ремонтен завод – ЛОМ, каде врз основ на потпишаниот договор Влада со Влада (G2G) во декември минатата година, во следниот период ќе бидат ремонтирани два хеликоптери Ми-8МТ.

фото: Министерство за одбрана

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ