• Latest
Фото: Ангел Ангеловски

Смит: Ќе продолжиме да ја поддржуваме украинската влада, ОК и меѓународната заедница застануваат против оваа агресија и на страната на слобода, демократијата и суверенитетот на народите ширум светот

March 1, 2023
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Смит: Ќе продолжиме да ја поддржуваме украинската влада, ОК и меѓународната заедница застануваат против оваа агресија и на страната на слобода, демократијата и суверенитетот на народите ширум светот

March 1, 2023 12:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Како што Украина влегува во својата втора година живеејќи под целосно руско бомбардирање, и ние го имаме народот на Украина во нашите срца и умови за овој ужасен период во историјата на нивната нација. Многу сме тажни за оваа годишнина, рече на почетокот на своето обраќање заменичката на Амбасадорот на Обединетото Кралство, Jулиja Смит на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Рускиот режим постојано ја потценува Украина, и решителноста на украинскиот народ. На почетокот на инвазијата, Русија мислеше дека за само три дена ќе ја преплави и заземе Украина, вели Смит.

Велам дека ние ги чуваме во срцата и мислите Украинците во овие ужасни времиња во нивната историја. Го цениме решеноста и отпорноста и стручноста на украинската армија која што ја турна Русија подалеку од тоа што очекуваше Путин, кој длабоко го потцени меѓународното заедништво кое испрати силна поддршка за Украина, додаде таа.

Таа нагласи дека Обединетото Кралство  и неговите партнери стојат обединети во поддршката на Украина, и ќе продолжат со поддршката за да обезбедат Русија да ги повлече своите сили од Украина и да одговара за своите постапки.

Обединетото Кралство и нашите партнери се поактивни со нашата воена поддршка, да помогне во изградбата на силна Украина за да се обезбеди просперитетен мир, вели Смит.

Таа нагласи дека Обединетото Кралство е водечки донатор како одговор на кризата – вкупната економска и Хуманитарната поддршка е над 1,5 милијарди фунти. ОК има издадено 218.500 визи за луѓето кои бегаат од конфликтот во Украина преку нашите две визни рути.

Минатата година Обединетото Кралство обезбеди: 2,3 милијарди фунти воена помош за Украина – најголема пакет за поддршка на која било европска нација и втор по САД. Ќе ја изедначиме или надминеме нашата воена поддршка во 2023 година. Исто така испративме многу од потребната воена опрема и обезбедивме обука за Украинците војници.

ОК има санкционирано речиси 1.300 поединци поради инвазијата, вклучително и над 120 руски олигарси со проценета глобална нето вредност од над 140 милијарди фунти, и 20 руски банки со глобални средства во вредност од над 940 милијарди фунти, како одговор на Путиновата инвазија на Украина. Вкупно, над 18 милијарди фунти имот се замрзнати во ОК.

Ќе продолжиме да ја поддржуваме украинската влада во соочувањето со овој напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Обединетото Кралство и меѓународната заедница застануваат против оваа агресија и на страната на слобода, демократијата и суверенитетот на народите ширум светот, истакна заменичката на Амбасадорот на Обединетото Кралство, Jулиja Смит.

М. Д

Камера: Атанас Петровски / Александар Ризински
Монтажа: Ариан Мехмети
Фото: Ангел Ангеловски

Tags: Една година руска инвазија врз Украиназаменик амбасадорконференцијаОбединето Кралствоукраинска амбасадаЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ