• Latest
Фото: Габриел Ескобар, скриншот од YouTube

Ескобар: Мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и поддршка за брзо зачленување на Северна Македонија во ЕУ

February 28, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ескобар: Мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и поддршка за брзо зачленување на Северна Македонија во ЕУ

February 28, 2023 18:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Габриел Ескобар, скриншот од YouTube

Фото: Габриел Ескобар, скриншот од YouTube

Share on FacebookShare on Twitter

САД бараат мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и даваат цврста поддршка за брзо зачленување на Северна Македонија во ЕУ.

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секратар и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, во изјава за МИА денеска рече дека „САД ќе поддржат сѐ што ќе ги внесе (Македонците) во ЕУ брзо и мирно“.

Продолжуваме да работиме со Владата на Северна Македонија за помош тие да ги остварат своите цели. Тие се исклучително добар НАТО сојузник и можам да ја уверам ЕУ дека тоа ќе бидат и како членка на Унијата. Продуктивна, сигурна и цврста членка на ЕУ, посочи Ескобар.

Тој истакна дека двете земји, Северна Македонија и Бугарија, се ценети партнери на САД и дека Вашингтон бара тие да имаат меѓусебни мирни и продуктивни односи.

Ескобар вчера учествуваше на средбата на високо ниво меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти. На средбата учествуваше и Жозеф Борел, висок преставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност.

САД силно го поддржуваат дијалогот меѓу Србија и Косово модериран од ЕУ, иако Вашингтон не е вклучен во процесот на нормализација на односите меѓу двете страни. Ние потполно и силно го поддржуваме процесот, но не сме дел од него. Тоа е процес модериран од ЕУ и треба да биде модериран од ЕУ, но целосно го поддржуваме, како политички така и финансиски, преку изградба на капацитети и други начини, изјави Ескобар.

Ескобар потврди дека на вчерашната средба владите на Србија и Косово се договориле да се оди напред со предлогот на ЕУ за нормализација меѓу двете земји, кој опфаќа и признавање и регистрација на заедница на српски општини во Косово.

Европскиот предлог не е за взаемно признавање меѓу двете земји, туку за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, рече Ескобар.

На прашање во врска со војната во Украина и колку таа криза влијае во ЕУ и на Западен Балкан, тој нагласи дека кризата во Украина е закана по европската безбедност.

Кризата ги фокусира сите кон заканите по европската стабилност, внатрешни и надворешни, и кон проширување на трансатлантската безбедност. Србија потврди дека нивната конечна цел е да бидат дел од ЕУ, и мислам дека кризата влијае луѓето да се фокусираат да работи кон тоа ова да стане реалност, изјави Ескобар.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕскобарЕУинтеграцииКосовоСКОПЈЕСофијаСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result