• Latest
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес конференцијата во седиштетот на НАТО, 15 февруари 2023 (фото: Џ. Д. / Цивил)

Столтенберг го покани Зеленски на самитот на НАТО во Вилнус

March 1, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Столтенберг го покани Зеленски на самитот на НАТО во Вилнус

March 1, 2023 12:01
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес конференцијата во седиштетот на НАТО, 15 февруари 2023 (фото: Џ. Д. / Цивил)

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес конференцијата во седиштетот на НАТО, 15 февруари 2023 (фото: Џ. Д. / Цивил)

Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на самитот на Алијансата во Вилнус овој јули, истакна шефот на НАТО  во интервју за националната литванска телевизија ЛРТ, пренесува Укринформ.

„Го поканив претседателот Зеленски да учествува на самитот на НАТО во Вилнус. Цврсто верувам дека тоа ќе биде силен знак за нашата солидарност, поддршката што сојузниците и ја даваат на Украина и се надевам дека Зеленски ќе може да присуствува. Се разбира, тоа ќе зависи од ситуацијата во Украина, која се уште е во средиште на војната“, рече Столтенберг, според извештајот објавен на руски.

Според неговите очекувања, самитот во Вилнус ќе го покаже единството на НАТО во поддршката на Украина.

„Се надевам дека ќе се договориме за нови чекори и мерки, за долгорочна поддршка за Украина и за проширување на нашето партнерство со Алијансата“, рече генералниот секретар на НАТО, пренесе ЛРТ.

Тој, исто така, се надева дека сојузниците ќе се договорат за нови планови за регионална безбедност, нов модел на сили и дека инвестициите во одбраната треба да се зголемат.

„Досега не се донесени никакви одлуки, но мислам дека прагот од 2 отсто од БДП не треба да биде плафон, туку спрат за минимални трошоци за одбраната“, нагласи Столтенберг.

Самитот на НАТО ќе се одржи во Вилнус од 11 до 12 јули 2023 година.

Како што објави Укринформ, на 30 септември 2022 година, претседателот Володимир Зеленски објави дека Украина ќе потпише барање за рационализиран пристап во НАТО.

Руската инвазија доведе до зголемување на евроатлантското расположение на Украинците на рекордно ниво – 86% од Украинците сега се за влез во Алијансата.

Подготви: Д. Мишев

Tags: Јенс СтолтенбергНАТОруска агресија врз УкраинаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ