• Latest

Ковачевски додели благодарници на тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб

March 2, 2023
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Ковачевски додели благодарници на тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб

March 2, 2023 12:53
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Владата, се сретна со дел од тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб во ноември 2022 година.

За овој историски подвиг во македонското здравство, премиерот им додели благодарница на сите кои учествуваа во овој сложен зафат. На овој свечен настан присуствувше и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Ковачевски на почетокот од настанот изрази неизмерна благодарност до семејствата кои во најтешките мигови од животот, одлучуваат да ги донираат органите на нивен близок починат.

„Благородни се тие луѓе, семејства, кога во моменти на најтешка болка и страдање со својата одлука ја враќаат единствената надеж кај друго семејство, кај друг човек, кај пациент. Во период од три години, почнувајќи од 2020 година до јануари годинава, 18 семејства дадоа согласност од нивните блиски да се подарат и трансплантираат органи и подарија живот на десетици пациенти. Ви благодариме!” рече премиерот.

Ковачевски на тимот лекари и медицинскиот персонал им честиташе за успешната трансплантација на срце со што Клиниката за дигестивна хирургија и останатите Клиники и Институти кои беа вклучени во трансплантацијата направи огромен придонес за нашиот здравствен систем.

„Изминативе три години како држава, како здравствен систем, покажавме дека може да се приближиме кон светските и европските трансплантациски системи. Во период од три години во земјава се донирани 61 орган-беа трансплантирани 8 срца, 32 бубрега, кај 19 пациенти беа трансплантирани коскени ткива, а двајца пациенти добија црн дроб.

Почитувани лекари, анестезиолози, хирурзи, нефролози, неврохирурзи,кардиолози,кардиохирурзи, уролози, ортопеди, трансфузиолози, медицински техничари, негователи, сето ова немаше да се реализира без вашето знаење, искуство и експертиза”, рече претседателот на Влада.

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија и координатор за трансплантацијата на оваа Клиника, проф. д-р Зоран Караџов истакна дека со реализацијата на овој проект нашата држава стана дел од групата земји кај кои се изведува оваа процедура која претставува една од најсофистицираните во областа на трансплантологијата.

„Ние, овој проект го реализиравме сами, без помош од надвор. Покажавме дека можеме, знаеме и умееме. Со голем ентузијазам, голем труд и пожртвувваност на сите оние кои беа вклучени во овој процес. Резултатот е дека во еден кратко период на клиниката за дигестивна хирургија се изведени 2 успешни трансплантации на црн дроб кај возрасни лица”, рече д-р Караџов.

Благодарност за заложбите на Владата и за поддршката изрази и проф. д-р Светозар Антовиќ од Клиниката за дигестивна хирургија.

„Ова денешно признание кое ни го оддава премиерот е многу важно за сите нас, тоа ни влева надеж дека и Владата и премиерот разбираат точно колку голем, огромен успех сме направиле и дека ќе ни бидат достапни за да изградиме систем кој ни е навистина потребен. Многу ми е мило за ова признание не само од личен туку и од професионален аспект и верувам дека така го доживуваат сите на овој тим”, истакна д-р Антовиќ.

На средбата присуствуваше и Драган Белески, пациентот на кого му беше транспортиран црн дроб.

„Сакам да упатам голема благодарност до луѓето на кои им го должам мојот живот. Благодарение на нивната одлука јас сум денеска овде со вас. Со зборови не може да се објасни колку е голема радоста на болен човек кога ќе му се подари живот и кога некој кој ниту го знае ниту го познава ќе го стори тоа.

Сакам да се заблагодарам на сите лекари и медицински персонал кои низ годините се грижеа за мене, бидејќи јас бев нивни долгогодишен пациент и посебна благодарност да упатам до докторите и целиот тим кој ми го трансплантирше црниот дроб.

Благодарам што ми подаривте живот”, истакна Белески.

Tags: Ковачевскитрансплантација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ