• Latest

Од спиновите на Мицковски за цената на струјата остана само паниката

March 5, 2023
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од спиновите на Мицковски за цената на струјата остана само паниката

March 5, 2023 19:07
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Љубиша АРСИЌ

Во студија на Европскиот парламент, фејсбук профилот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше посочен како дезинформациски канал, заедно со оној на неговиот претходник во партиската фотелја, Никола Груевски. Студијата беше изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на ЕУ по нарачка на Европскиот парламент, а го опфаќаше периодот на ковид-пандемијата, вклучувајќи ја и кампањата за референдумот. Но, доколку ваква студија денес повторно се направи, по се изгледа Мицкоски ќе ја задржи позицијата, анализирајќи ги барем неговите изјави поврзани со електричната енергија.

Мицкоски на 26 август 2022 година, на својот фејбук профил напиша дека „заклучно со јуни 2022 година, граѓаните плаќаа 5,87 денари за киловат час или за околу 32 отсто поскапа струја од времето кога јас бев разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ, после последното поскапување од 1 јули оваа година, граѓаните плаќаат за повеќе од 50 проценти поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400 отсто поскапа струја“.

Потоа, на 29 јуни лани, во гостување на Сител телевизија, одново спомена дека се покачува цената на електричната енергија и тоа, ,според неговите проценки, за 17 до 18 проценти.

– Процентот ќе биде помеѓу 17 и 18, и тоа ќе го почувствуваат граѓаните во сметките. Цената на струјата која ја плаќаат домаќинствата се формира по три основи – цената која се исплаќа кон поранешно ЕЛЕМ денешно ЕСМ, потоа цената која се исплаќа кон МЕПСО за пренос и пазар и цената до дистрибутерот, а тоа е ЕВН – рече тогаш Мицкоски.

Тој на почетокот на септември изјави дека Владата рагледувала и опции за рестрикција на струја. Иако ваквите негови ставови не беа потврдени, веќе наредниот месец тој рече дека состојбата е алармантна и со почетокот на грејната сезона електро – енергетскиот систем во Македонија ќе биде сериозно оптоварен поради потребите на граѓаните и стопанството. Мицкоски овојпат нагласи дека рестрикции во земјава ќе има, а дека дополнително тоа се планирало и за енергетските компании.

– Од она што го имам како информација е дека се подготвува и во енергетските компании план за рестрикции. Не знам колку е тоа вистина, но таа информација дојде до мене. Значи се враќаме 30-40 години назад во времето, со оваа Влада на СДСМ се е можно, вклучително и рестрикции и враќање назад – рече Мицкоски.

Во интервју за МРТ, лидерот на опозицијата истакна дека „би било навистина срамота ако во 21 век во Европа земја кандидат за членство во Европската унија во услови на вака развиена дистрибутивна преносна мрежа има рестрикции“. Тој исто така додаде дека граѓаните и компаниите ќе плаќаат многу повисоки сметки поради тоа што власта ќе започне да увезува струја од соседството.

Тој ја заокружи годината со интервју за порталот „Вечер“ на 28 декември, во кое истакна дека „за домаќинствата цената на струјата ќе е поголема за 20%“.

Ваквите најави и тврдења на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ паднаа во вода, односно рестрикции нема, а цената на струјата за дел од домаќинствата дополнително беше и намалена преку користењето на блок-тарифите. Од јануари годинава, откако во сила е новата цена на електричната енергија продолжува трендот на рационално користење на електричната енергија. Според пресметките на Регулаторната комисија за енергетика во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена 14% и властите очекуваат од јули да се намали цената на електричната енергија за потрошувачите пред се поради зголеменото домашно производство и заштедата на електрична енергија, наспроти ставовите на Мицкоски дека ќе се увезува струја од соседството.

Дополнително, според податоците, за околу 70.000 мали компании на регулираниот пазар цената на струјата е намалена, а 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

Со сите овие спинови, кои имаа за цел да внесат страв и паника кај народот, само уште еднаш потврдија зошто Мицковски од Брисел е означен како дезинформатор.

Извор: Рацин.мк

Tags: БриселдезинформаторМицкоскипаникацени на струја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ