• Latest

Шукова–Бомгартнер: Разгледани можности за поинтензивна соработка во приоритените активности во животната средина

March 16, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Шукова–Бомгартнер: Разгледани можности за поинтензивна соработка во приоритените активности во животната средина

March 16, 2023 18:33
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер денеска бил во протоколарна посета на новоименуваната министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, на која и посака успех во извршувањето на обврските и справувањето со предизвиците во животната средина.

Амбасадорот Бомгартнер ги потврдил заложбите на Франција за континуирана поддршка на нашата држава во делот на животна средина, а се разговарало и за отворените можности за продлабочување на идната соработка.

На почетокот на средбата, министерката Шукова ги претставила најитните приоритети во животната средина.

-Пред сè интензивно ќе работиме на воспоставувањето на регионалните системи за управување со отпад во сите региони во државата, истакнала Шукова.

Таа го избрифирала амбасадорот за моменталниот статус на активностите во оваа област, начините на кои во наредниот период планира да ги спроведува и координира и најавила поинтензивно вклучување на центрите за регионален развој во целиот процес.

-Беше разговарано и за иницијативата за воспоставување на комунална полиција, како важна алка што недостасува за успешно воспоставување на системите за управување со отпад, соопштуваат од МЖСПП.

Амбасадорот Бомгартнер споменал неколку можни области за реафирмирање и развивање на билатерална соработка и поддршка од страна на Франција.

-Во делот на користењето на обновливи извори на енергија го спомена проектот за изградба на фотоволтаични централи во Штип и Свети Николе каде ќе се користи иновативна технологија која ќе обезбеди и локален економски развој и примена во агроенергетиката, а ќе даде голем придонес во енергетската независност и декарбонизацијата во процесот на спроведување на зелена агенда во државата. Ова, според амбасадорот, е една од најголемите, ако не и најголема француска инвестиција во нашата држава, истакнуваат од МЖСПП.

На средбата била посочена и отворената можност за воспоставување на кредитна линија за финансирање пред сè на компаниите и на локалните самоуправи, што би се реализирала преку Француската агенција за развој и Развојната банка на Северна Македонија.

-Споменат беше и големиот проект на Француската развојна агенција за енергетска ефикасност на згради во кој се опфатени 17 држави во светот, меѓу кои и Северна Македонија, можноста за користење на техничката помош за културно наследство и техничката помош за цивилно население пожари, почви и сл. Дополнително беше потврдено дека Француската влада обезбеди технички експерт на Министерството за поддршка и размена на искуства, известуваат од МЖСПП.

 

Tags: Каја ШуковаСирил Бомгартнер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ